Дела 26
26
Павле ја искажува својата одбрана пред Агрипа
1 #
13,16; 21,40 Агрипа му рече на Павле: „Допуштено ти е да зборуваш во своја одбрана.“ Тогаш Павле ја испружи раката и почна да зборува во своја одбрана: 2„Се сметам среќен себеси, царе Агрипа, што денес пред тебе ќе можам да се одбранам од сето она за што сум обвинет од Јудејците, 3дотолку повеќе, што ти ги познаваш јудејските обичаи и препирки; па затоа, те молам, трпеливо да ме ислушаш. 4Мојот живот од раната младост, им е познат на сите Јудејци, зашто го поминав најнапред меѓу својот народ во Ерусалим; 5тие одамна ме знаат – ако сакаат нека сведочат – дека јас, како фарисеј, живеев по најстрогото учење на нашата вера; 6#23,6; 24,21а сега стојам пред судот поради надежта во ветувањето што Бог им го даде на нашите татковци, 7кое нашите дванаесет племиња се надеваат дека ќе го постигнат, ревносно служејќи Му на Бога ноќе и дење. За таа надеж, царе Агрипа, обвинет сум од Јудејците. 8#Рим 4,17; Евр 11,19 Зарем вие мислите дека е неверојатно Бог да воскреснува мртви? 9#2,22И јас самиот мислев дека треба да извршам многу работи против името на Исус Назареецот; 10така и направив во Ерусалим и, откако добив власт од првосвештениците, затворив многу светии, а кога ги убиваа, и јас одобрував. 11И многупати ги мачев по сите синагоги, ги принудував да хулат и, прекумерно гневен на нив, ги гонев дури и во туѓите градови.
Павле раскажува за своето преобраќање
(Дела 9,1-19; 22,6-16)
12 #
9,2
За таа цел одејќи во Дамаск, со овластување и одобрение од првосвештениците, 13#Лк 2,9на пладне, царе, на патот видов светлина од небото, посилна од сончевата светлина, која ме озари мене и оние, што одеа со мене. 14Сите паднавме на земја, и јас чув глас, што ми зборуваше и на еврејски јазик велеше: ’Савле, Савле, зошто Ме гониш? Тешко е за тебе да се риташ против бодило.‘ 15А јас реков: ’Кој си Ти, Господи?‘ Тој одговори: ’Јас сум Исус, Кого ти Го гониш. 16#22,15Но стани и исправи се на нозете; затоа и ти се јавив, да те назначам за служител и сведок на ова што го виде и што ќе ти го покажам, 17#9,15; Ер 1,5-8издвојувајќи те од овој народ и од незнабошците, кај кои те испраќам, 18#20,32; Ис 42,7.16; Кол 1,12-14; 1 Птр 2,9за да им ги отвориш очите, та да се свртат од темнина кон светлина и од власта на сатаната кон Бога, па преку верата во Мене да примат простување на гревовите и наследство меѓу осветените.‘
Павле зборува за своето дело
19Затоа, царе Агрипа, јас не се противев на небесното видение, 20#9,27-29; Рим 15,19но најнапред на жителите во Дамаск и Ерусалим, а потоа по целата Јудејска земја и на незнабошците им проповедав да се покаат и да се обратат кон Бога, правејќи дела достојни на покајание. 21#21,30-31; 24,19 Поради ова Јудејците ме фатија во храмот и се обидоа да ме убијат. 22#17,2-3; 24,14Но, со помошта што ја добив од Бога, стојам до овој ден и сведочам пред мали и големи, не кажувајќи ништо друго освен она што го беа зборувале Пророците и Мојсеј дека треба да се случи: 23#13,47; Лк 24,46дека Христос ќе пострада и дека, како прв воскреснат од мртвите, ќе им проповеда светлина на народот и на незнабошците.“
Павле го повикува Агрипа да ја прифати верата
24А додека го зборуваше ова во одбрана, Фест со силен глас рече: „Си полудел, Павле! Големата ученост те довела до лудило!“ 25А тој одговори: „Не сум луд, најпочитуван Фесте, туку кажувам вистинити и разумни зборови. 26Тоа го знае и царот, пред кого слободно зборувам; јас не верувам дека од сето ова нешто му е непознато, зашто тоа не е вршено во некој агол.“ 27„Веруваш ли, царе Агрипа, во пророците? Знам дека веруваш.“ 28Агрипа му одговори на Павле: „Уште малку, па ќе ме убедиш да станам христијанин!“ 29А Павле рече: „Би Му се молел на Бога, порано или подоцна, не само ти, но и сите што ме слушате денес, да станете такви, каков што сум јас, само без овие окови.“ 30Кога го кажа тоа, царот и управникот Верникиј, и оние што седеа со нив, станаа 31#23,29и, откако се повлекоа настрана, зборуваа меѓу себе и кажуваа дека тој човек не прави ништо што заслужува смрт или окови. 32А Агрипа му рече на Фест: „Овој човек можеше да биде ослободен, ако не беше посакал суд пред цезарот.“
Селектирано:
Дела 26: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023