Дела 23
23
1 #
24,16; 2 Кор 1,12 Павле го впери својот поглед кон Синедрионот и рече: „Браќа! Јас до овој ден со потполно чиста совест живеев пред Бога!“ 2#Јн 18,22-23А првосвештеникот Ананија им заповеда на оние што стоеја пред него, да го удрат по устата. 3#Мт 23,27Тогаш Павле му рече: „Бог ќе те удри тебе, ѕиду варосан! Ти седиш, за да ме осудиш според Законот, а заповедаш да ме удираат спротивно на Законот!“ 4А оние што стоеја пред него, рекоа: „Божјиот првосвештеник ли го навредуваш?“ 5#2 Мојс 22,28Павле одговори: „Не знаев, браќа, дека тој е првосвештеник; бидејќи е напишано: ’Не зборувај лошо за началникот на твојот народ.‘“ 6#Фил 3,5А кога Павле забележа дека еден дел од нив се садукеи, а другиот – фарисеи, извика во Синедрионот: „Луѓе, браќа! Јас сум фарисеј, син на фарисеј; поради надежта во воскресение на мртвите ми се суди!“ 7Кога го кажа тоа, настана расправија меѓу фарисеите и садукеите, и мноштвото народот се подели. 8#Мт 22,23Зашто садукеите велат дека нема ни воскресение, ни ангел, ни дух; а фарисеите сето тоа го признаваат. 9Настана голема врева; и книжниците од фарисејската страна станаа и почнаа да се препираат, велејќи: „Ништо лошо не наоѓаме кај овој човек; ако, пак, нему му зборувал дух или ангел, тогаш да не Му се противиме на Бога.“ 10И бидејќи настана голема мешаница, заповедникот, уплашен да не го растргнат Павле, им заповеда на војниците да слезат и да го грабнат од нив и да го одведат во тврдината. 11#18,9; 28,16-31Наредната ноќ Господ застана до него и му рече: „Биди храбар, Павле! И како што сведочеше за Мене во Ерусалим, така ќе треба да сведочиш и во Рим.“
Заговор на Јудејците против Павле
12 #
9,23-29; 25,3 А кога осамна, некои од Јудејците направија заговор и се заколнаа, велејќи дека ниту ќе јадат, ниту ќе пијат дури не го убијат Павле. 13А оние што ја направија оваа завера беа повеќе од четириесетмина. 14Па отидоа кај првосвештениците и старешините и рекоа: „Ветивме со клетва дека ништо нема да вкусиме додека не го убиеме Павле. 15Затоа сега, вие со Синедрионот, соопштете му на заповедникот да го доведе утре долу пред нас, небаре ќе сакате поточно да го разгледате неговото дело; а ние, пред да наближи, ќе бидеме подготвени да го убиеме.“ 16Кога слушна за заседата синот на Павловата сестра, отиде, влезе во тврдината и му кажа на Павле. 17А Павле повика еден стотник и му рече: „Одведи го ова момче кај заповедникот, зашто има нешто да му каже.“ 18И тој го зеде, го одведе кај заповедникот и рече: „Затвореникот Павле ме повика и замоли ова момче да го доведам кај тебе, зашто имало нешто да ти каже.“ 19А заповедникот го фати за рака, го тргна настрана и го праша: „Што е тоа што имаш да ми го кажеш?“ 20А тоа рече: „Јудејците се договорија да те молат да го одведеш утре Павле долу пред Синедрионот, небаре ќе сакаат поточно да го испитуваат нешто во врска со неговото дело. 21Но ти не им верувај, зашто ќе го демнат повеќе од четириесетмина од нив, што се заколнале дека ниту ќе јадат, ниту ќе пијат дури не го убијат; уште сега се подготвени, го чекаат само твоето ветување.“ 22Тогаш заповедникот го пушти момчето да си оди и му порача: „Никому не кажувај дека си ми го соопштил ова!“
Павле испратен кај управителот Феликс
23Потоа повика двајца стотници и рече: „Пригответе ми двесте војници, седумдесет коњаници и двесте стрелци, за да тргнат за Кесарија во третиот час#23,23 Околу 21 часот. ноќеска; 24и пригответе добиток, за да го качат Павле и безбедно да го одведат до управникот Феликс!“ 25Напиша и писмо со оваа содржина: 26„Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот управник Феликс. 27Овој човек го беа фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас пристигнав со војска и го избавив, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин. 28И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион, 29#18,15; 25,18-19и дознав дека го обвинуваат по прашања од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови. 30#28,18; Лк 23,15А кога ми беше дојавено дека ќе има заговор од Јудејците против човекот, јас веднаш го пратив кај тебе, порачувајќи им и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Остани со здравје!“ 31И така, војниците, според дадената им заповед, го зедоа Павле, и го одведоа ноќе во Антипатрида. 32Утредента тие се вратија во тврдината, а коњаниците ги оставија да одат со него. 33Тие, штом влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на управникот, му го претставија и Павле. 34#Лк 23,6Намесникот го прочита писмото и праша од која област е, и откако разбра дека е од Киликија, рече: 35„Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го чуваат во Иродовиот дворец.
Селектирано:
Дела 23: MAK2023
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023