Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 94

94
Повик кон Бога на одмазда
1. Повик за одмазда над нечестив (Давидов псалм во четвртиот седмичен ден).
1Боже, одмазднику, Господи, Боже одмазднику, покажи се: 2стани Ти, Судија на земјата, плати им на гордите, според заслугата! 3До кога грешниците, о Господи, до кога грешниците ќе ликуваат? 4Тие зборуваат дрски зборови, беззакониците се фалат. 5Го угнетуваат Твојот народ, Господи, и го притискаат Твоето наследство; 6убиваат вдовица и туѓинец, им го одземаат животот на сирачињата. 7И зборуваат: „Господ не гледа! Не забележува Јакововиот Бог!“
8Разберете, безумници во народот: глупци, кога ќе се вразумите? 9Не слуша ли Оној, што го засадил увото? Не гледа ли Оној, Кој го создаде окото? 10Не казнува ли Оној, Кој ги воспитува народите? Оној, Кој ги учи луѓето на мудрост? 11Господ ги знае човечките мисли, тие се празни.
2. Господ не отфрла Свој народ
12Блажен е човекот, кого Ти го поучуваш, Господи, и го учиш на Својот Закон: 13да му дадеш мир во несреќни денови, додека се копа гроб за злочинецот. 14Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и не ќе го напушти Своето наследство; 15зашто правдата ќе ѝ биде досудена на справедливоста, и по неа ќе одат сите со чисти срца.
3. Псалмопевец вика кон Господа
16Кој ќе стане, за мене, против злосторникот? Кој ќе се заземе за мене, против злочинците?
17Ако Господ не ми помагаше, брзо ќе слезев во место на тишина. 18Штом помислам: „Ногата ми се подлизнува,“ о Господи, Твојата добрина ме потпира. 19Кога ќе се соберат грижи во моето срце, Твоите утехи ми ја веселат душата. 20Зар е безбожното судилиште во Сојуз со Тебе, кога создава неправда со помош на законот? 21Само нека ја притискаат душата на праведниот, нека осудуваат невина крв. 22Господ ми е тврдина, Бог - засолниште на моето прибежиште. 23Ќе им плати за нивното беззаконие, ќе ги истреби со нивната злоба, ќе ги истреби Господ, нашиот Бог.

Селектирано:

ПСАЛМИ 94: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност