Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 93

93
Давидова пофалбена песна. Во претсаботен ден, кога беше населена земјата. Господово величие
1Господ царува, облечен во величество, Господ облечен во сила и опашан: Вселената стои цврсто, нема да се разниша: 2Твојот престол е утврден одамна, Ти си од вечноста!
3Господи, реките ги издигнаа, реките ги издигнаа своите гласови; реките ги издигнаа своите бранови. 4Појак од шумот на многуте води, посилен од морските бранови: силен е Господ во висините. 5Твоите сведоштва се предостојни за вера, светоста е украс на Твојот Дом, Господи за секогаш!

Селектирано:

ПСАЛМИ 93: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност