Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 92

92
Фала на Господова благост
1. Благодарност
Псалм. Песна во саботен ден
1Добро е да се слави Господ и да се пее на Твоето Име, Сѐвишен; 2да се навестува Твојата љубов наутро и Твојата верност ноќе; 3на харфа со десет жици и на псалтир, со песна на лира. 4Зашто Ти ме развесели со Твоите дела, о Господи. Ќе се радувам на делата од Твоите раце.
2. Крај на безбожник
5Колку се големи Твоите дела, Господи, и длабоки се Твоите замисли! 6Безумниот човек не сознава, и неукиот не сфаќа. 7И ако безбожниците никнуваат како трева, и ако цветаат сите, кои прават зло, одредени се за вечна пропаст; 8а Ти, Господи, остануваш возвишен довека. 9Навистина, Твоите непријатели, о Господи, Твоите врагови ќе пропаднат: ќе се распрснат сите, кои прават беззаконие.
10Ми го воздигна рогот како во бивол, ме помаза со пречисто масло; 11и моето око гледа од високо на непријателите, и моите уши слушаат за оние, кои стануваат против мене.
3. Блаженство на праведникот
12Праведникот цвета како палма, и расте како ливански кедар. 13Засадените во Господовиот Дом цветаат во дворовите на нашиот Бог. 14Тие и во старост донесуваат плодови: сочни и свежи: 15за да навестат дека Господ е праведен; моја Тврдина - и нема неправда во Него.

Селектирано:

ПСАЛМИ 92: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност