Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 91

91
Безопасност на оној, кој се надева на Бога
(1. Ветување безопасност Давидова пофалбена песна)
1Ти, Кој живееш под покрив на Сѐвишниот, што се одморуваш во сенката на Сѐдржителот, 2речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!“
3Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор. 4Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила! 5Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење, 6ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне. 7И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи! 8Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците.
2. Сведоштво на псалмопевец
9Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сѐвишниот за своја закрила. 10Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор. 11Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта. 12Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен. 13Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.
3. Господово сведоштво
14Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име. 15Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам. 16Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение.

Селектирано:

ПСАЛМИ 91: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност