Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 95

95
Фала на Бога - Творец и Спасител
1. Песна на фалење
1Дојдете, да Му запееме на Господа, да Му воскликнуваме на Тврдината, на Својот Спасител! 2Да застанеме пред Неговото лице со благодарности, да Му воскликнуваме со песни! 3Зашто величествен е Господ, нашиот Бог, велик Цар над сите богови. 4Во Неговите раце се земските длабочини, Негови се планинските височини. 5Негово е морето, Тој го создаде, и копното, што го направија Неговите раце.
6Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да Му се поклониме на Бога, нашиот Создател. 7Зашто Тој е наш Бог, а ние народ на Неговото пасиште, овци што Тој ги чува.
2. Важно предупредување
О послушајте Му го гласот денес: 8„Не бидете со тврди срца како во Мерива, како во денот кога Ме искушувавте во пустината, 9кога вашите татковци Ме испитуваа, а иако ги видоа Моите дела. 10Четириесет години ме јадосуваше тоа поколение, па реков: „Народ се со непостојано срце, и не врват по Моите патишта.“ 11Затоа се заколнав во Мојот гнев: „Никогаш нема да влезат во Мојот покој!“

Селектирано:

ПСАЛМИ 95: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се