Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 61

61
Молитва на угнетен цар
1. Молитва на вера
За началник на пејачи. За жичана свиралка. Давидов псалм.
1О Боже, чуј го мојот вик, слушај ја мојата молитва! 2Од крајот на земјата, викам кон Тебе; зашто моето срце ми премира: ќе ме кренеш врз карпата која е повисоко од мене. 3Зашто Ти си ми прибежиште, цврста тврдина против непријателите. 4О да можам да живеам секогаш во Твоето Живеалиште, да се засолнам под Твојата закрила!
2. Благодарна песна
5Зашто, Ти, Боже, ја послуша мојата молба, ми даде наследство како на оние, што го почитуваат Твоето име. 6Придај дни кон деновите на царот, нека му трајат годините низ многу родови, 7нека царува, пред Бога довека; испрати ги добрината и верноста да го чуваат! 8Така ќе го славам секогаш Твоето име, секојдневно ќе ги извршувам своите завети.

Селектирано:

ПСАЛМИ 61: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се