ПСАЛМИ 60
60
Молитва за избавување од Израел
1. После неуспешна војна
За началникот на пејачите. На Шушан-Едут. Давидово писмо за поучување, кога тој војуваше со Месопотамска Сирија и со Совската Сирија, и кога Јоав, враќајќи се порази дванаесет илјади Идумејци во Солената Долина.
1Боже, Ти нѐ отфрли и ни ги проби бојните редови, Ти се разгневи, а сега врати нѐ пак! 2Ја потресе земјата, ја распука, затвори ѝ ги проломите, зашто таа се разнишала. 3Му навали зла коб на Твојот народ, нѐ напи со вино што омајува. 4Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак. 5За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме.
2. Повикување на Божјо ветување
6Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот. 7Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал. 8Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!“
3. Повик за помош
9Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом? 10Зар не Ти, Боже, што нѐ отфрли? Зар повеќе Боже, не ќе излегуваш со нашите чети? 11Помогни ни против противниците, зашто човечката помош е ништожна. 12Со Божја помош ќе се бориме храбро, а Тој ќе ги згази нашите непријатели.
Селектирано:
ПСАЛМИ 60: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.