Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 62

62
Полна надеж
1. Испитување на вера
За началник на пејачи, по Едутуна. Давидов псалм.
1Душо моја, мирот е само во Бога, спасението е само во Него. 2Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.
3До кога ќе се нафрлате врз бедниот, за да го сотрете сите заедно, како разурнат ѕид или навалена ограда? 4Се заверија да ме фрлат од мојата висина, уживаат во лага; благословуваат со устата, а колнат со срцето.
2. Надеж на вера
5Душо моја, мирот е само во Бога, мојата надеж е само на Него. 6Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам. 7Во Бога е моето спасение и слава; Бог ми е силна карпа и прибежиште.
3. Поттикнување кон вера
8Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!
9Синовите на луѓето се суетни, лага се човечките синови: Сите да застанат на мерилка, ќе бидат полесни од суетата. 10Не се надевајте на насилие, ниту се фалите суетно со ограбеното; ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него.
11Бог рече едно, а јас чув две: „Силата е во Бога!“ 12Господи, во Тебе е добрината! Ти му враќаш секому според делата.

Селектирано:

ПСАЛМИ 62: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се