Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 20

20
Молитва за цар
1. Молитва за победа
За пејачки началник. Давидов псалм.
1Господ да те послуша во тежок ден, Името на Јакововиот Бог да те штити! 2Да ти испрати помош од Светилиштето, и да те поткрепува од Сион! 3Да си спомни за сите твои приноси, и да ја прими твојата паленица!
4Да ти даде според желбата на твоето срце, и да ги исполни сите твои намери! 5Ќе се радуваме за твоето спасение, во името на нашиот Бог ќе ги дигнеме знамињата. Господ да ги исполни сите твои молби!
2. Верба во Божја помош
6Сега знам дека Господ го избавува Својот помазаник, го слуша од Своето свето небо, со спасителна сила на Својата десница. 7Едни се фалат со бојните коли, други со коњите; но ние во Името на Господа, нашиот Бог! 8Тие се сопнуваат и паѓаат, а ние станавме и стоиме.
9Господи, подари му победа на царот, послушај нѐ во денот кога ќе Те повикаме.

Селектирано:

ПСАЛМИ 20: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се