Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 21

21
Пофалба за избавување на цар
1. Благодарност за минати победи
За пејачки началник. Давидов псалм.
1Господи, царот се весели со Твојата сила, колку му е голема радоста дека Ти спасуваш! 2Ти ја исполни желбата на неговото срце и не ја одби молитвата на неговите усни. 3Зашто Ти го пресретна со благослови на добрината, врз главата му стави круна од чисто злато. 4Тој Те молеше за живот, и Ти му даде премногу дни - за вечни векови. 5Со Твојата помош, неговата слава е голема, го украси со чест и величество. 6Зашто Ти го направи благословен довека, го развесели со радоста на Своето лице. 7Навистина, царот се надева на Господа, и заради благоста на Сѐвишниот нема да се колеба.
2. Вера во идни победи
8Твојата рака ќе ги најде сите Твои непријатели, Твојата десница ќе ги најде оние што Те мразат! 9Ќе ги направиш како вжарена печка, во времето на Твојата лутина! Господ ќе ги сотре со гнев и огнот ќе ги голтне! 10Ќе го сотреш нивниот плод од земјата и нивното потомство помеѓу човечките чеда. 11Зашто, намислија зло против Тебе, подготвија заговор и не можеа да го исполнат. 12Затоа Ти ќе ги натераш да го свртат грбот, и Својот лак ќе го насочиш кон нивното лице. 13Стани, Господи, со Својата сила! Ние ќе пееме и ќе ја славиме Твојата сила.

Селектирано:

ПСАЛМИ 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се