Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 16

16
Пророштво за Месија
1. Докази на вера
Давидова песна.
1Пази ме, Боже, зашто се надевам на Тебе. 2Му реков на Господа: „Ти си мој Господ; нема блаженство без Тебе.“ 3Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост! 4Ќе се умножат жалостите на оние, кои следат туѓи богови; нема да ги принесам нивните крвни приливи, ниту со својата уста ќе ги земам нивните имиња.
2. Пророштво за Голгота
5Господ е дел на моето наследство и мојата чаша. Ти го запазуваш моето достоинство. 6Мојот дел зафати пријатни места; да, добив прекрасно наследство!
7Го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па и ноќе моето срце ме советува. 8Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам.
3. Вера во воскресение
9Затоа ми се зарадува срцето и се развесели мојата слава, а моето тело се одмора во надеж. 10Зашто нема да ја оставиш мојата душа во Подземјето, ниту ќе дозволиш твојот светец да види гниење. 11Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.

Селектирано:

ПСАЛМИ 16: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност