Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 15

15
Кој е достоен да се јави пред Бога?
Давидов псалм.
1Господи, кој може да живее во Твојот шатор? Кој ќе се настани во Твојата Света Гора?
2Оној кој оди непорочно, кој твори правда и зборува вистина од своето срце; 3кој не клевети со својот јазик, кој не му прави зло на ближниот и не го срамоти својот сосед. 4Кој го презира лукавиот, а ги почитува оние, кои се бојат од Господа; кој се заколнува на своја штета, па не се одречува; 5кој не го дава своето сребро за добивка и не прима поткуп против невиниот. Кој постапува така, нема да се колеба никогаш!

Селектирано:

ПСАЛМИ 15: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност