Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 17

17
За избавување од непријатели
1. Тој ја заштитува својата непорочност
Давидова молитва.
1Послушај ја, Господи, правдата, чуј го мојот глас, услиши ја мојата молитва од искрени усни! 2Од Тебе нека ми дојде пресудата, Твоите очи гледаат што е справедливо.
3Испитај го моето срце, посети ме ноќе, искушај ме, но нема да најдеш ништо; мојата уста не згреши. 4Како што грешат луѓето: според зборовите на Твојата уста, се сочував од патиштата на насилниците. 5Моите стапки ги држаа Твоите патишта, не се лизнаа моите нозе.
2. Молитва за заштита од нечесни
6Кон Тебе викам, Боже, зашто Ти ќе ме послушаш! Наведни го Твоето уво кон мене и чуј ги моите зборови. 7Прослави ја врз мене Твојата милост, о Спасителу, Ти Кој ги спасуваш, оние што се надеваат на Твојата десница, од оние што се креваат против нив. 8Пази ме како зеница на окото, засолни ме во сенката на Своите крила, 9од злотворите што се нафрлаат врз мене. Од непријателите на мојата душа, што ме опкружуваат.
3. Опис на непријатели
10Го затворија своето срце и со устата зборуваат гордо. 11Нивните чекори сега ме опкружуваат; сакаат да ме кутнат на земја. 12Тие се како лав што сака да раскине и како лавче што дебне потајно.
4. Надеж во Господа
13Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот, 14а со Својата рака, Господи, од луѓето, од луѓето на овој свет, чиј дел е овој живот; чиј желудник го полниш со Своите богатства, така што и нивните синови ќе бидат сити, а остатокот ќе им остане на нивните внуци.
15А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед.

Селектирано:

ПСАЛМИ 17: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност