Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 141

141
Молитва на верен во време на тага
1. Повик кон Господа
Давидов псалм.
1Господи, Те повикувам, побрзај кон мене! Послушај го мојот глас, со кого викам кон Тебе! 2Нека се издигне мојата молитва како темјан пред Твоето лице, издигањето на моите раце нека биде као вечерна жртва!
2. Молитва за непорочно срце
3Господи, постави стража на мојата уста, и стражари на вратата на моите усни! 4Не оставај: моето срце да се приклони кон било каква злоба па да извршам нечесни дела; Да не се дружам со луѓе кои прават беззаконие, ниту да јадам од нивните вкусни јадења!
3. Крај на безбожници
5Нека ме удри само праведниот - љубов е што ме укорува, тоа е масло на мојата глава; На нивната злоба јас ќе се спротивам секогаш со мојата молитва. 6Кога нивните судии ќе бидат фрлени низ карпите, ќе разберат колку слатки беа моите зборови. 7Како кога орачот ја оре и ја цепи земјата, така ќе им бидат расфрлени коските на работ на Подземјето.
8Господи, кон Тебе се свртени моите очи, на Тебе се надевам, не оставај да ми пропадне душата! 9Чувај ме од стапицата што ми ја поставија, од примките на злосторниците! 10Нека паднат нечесните во сопствените клопки, а јас да им избегам!

Селектирано:

ПСАЛМИ 141: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност