Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 140

140
Молитва за помош против непријатели
1. За избавување од нечестив
За началник на пејачи. Давидов псалм.
1Избави ме, Господи, од злобен човек, заштити ме од човек насилник; 2од оние што измислуваат зла во срцето, и цел ден се собираат за бој. 3Како змии ги изоструваат своите јазици, змијски отров им е под усните. 4Спаси ме, Господи, од раката на злосторникот, чувај ме од човек насилник, кој сака мојата нога да се сопне. 5Гордите ми поставуваат потајна стапица, со јажиња плетат мрежа, крај патот ми поставуваат клопки.
2. Повик за послушување
6Извикав кон Господа: „Ти си мој Бог! послушај го, о Господи, викот на моите молитви! 7Господи, мој Господи, мој силен Спасителе, засолни ми ја главата во денот на бој!“ 8Не оставај да се исполни желбата на злотворот, не оставај тој да ги изврши своите намери, за да не се издигне!
3. Молитва за проклетство
9Нека не подигнат глава оние што ме опколија, нека падне врз нив злобата на нивните усни! 10Нека паѓаат врз нив распалени јаглења, нека паднат во јами, за да не станат повеќе! 11Клеветникот не ќе се одржи на земјата, несреќата ќе го грабне одненадеж насилникот.
4. Надеж во Господа
12Знам дека Господ ќе му даде право на бедниот и правда на сиромашниот. 13Навистина, праведните ќе го слават Твоето име, непорочните ќе престојуваат пред Твоето лице.

Селектирано:

ПСАЛМИ 140: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност