Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 139

139
Молитва на верна душа
1. Сѐзнаечки Бог
За началник на пејачи. Давидов псалм.
1Господи, ме согледуваш целиот и ме познаваш, 2Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. 3Дали одам или лежам, Ти гледаш сѐ, познати ти се сите мои патишта. 4Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сѐ знаеш. 5Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене. 6Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.
2. Бог е секаде
7Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? 8Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си. 9Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, 10и таму, Твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи. 11Ако речам: „Нека ме скријат темнините, но дури и ноќта ќе биде како светло околу мене!“ 12Ни темнината за Тебе не ќе биде темна: ноќта свети како ден и темнината е како светлина.
3. Бог Творец
13Зашто Ти ги создаде моите бубрези, ме истка во мајчиното крило. 14Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае. 15Моите коски не Ти беа скриени додека се создавав во тајност, ткаени во длабочината на земјата. 16Твоите очи го видоа мојот зародишок, веќе сѐ беше запишано во Твојата книга; деновите ми беа одредени, уште додека не беше ниеден. 17Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број. 18Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе!
4. Заклучна молитва
19Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците! 20Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели. 21Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници? 22Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели.
23Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли: 24Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот пат!

Селектирано:

ПСАЛМИ 139: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се