Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 138

138
Господ е Бог на верни
1. Давид ја признава Божјата верност
Давидов псалм.
1Те славам Господи, со сето срце свое; 2се поклонувам пред Твојот свет Храм. Го славам Твоето име за Твојата милост и вистина, зашто го возвеличи Твоето слово, повисоко од Своето име. 3Кога Те повикав, Ти ме послуша, ја ободри мојата душа.
2. Сите земни цареви ќе Го прославуваат Господа
4Нека Ти благодарат Господи, сите земски цареви, кога ќе ги чујат зборовите на Твојата уста. 5Нека ги воспеат Господовите патишта: „Вистина, величествена е Господовата слава!“ 6Вистина, Господ е возвишен, но гледа на смирените, а гордоста ја познава оддалеку.
3. Надеж на Давида во Божја верност
7Кога ќе чекорам низ неволји, чувај ми го животот, испружи ја раката против гневот на моите непријатели; нека ме спаси Твојата десница! 8Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, вечна е Твојата љубов: не оставај го делото на Твоите раце!

Селектирано:

ПСАЛМИ 138: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се