Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 14

14
Безумство и дела на нечесни
За првиот пејач. Давидов псалм.
1Безумникот рече во своето срце: „Нема Бог!“ Се расипаа; нивните дела се гнасни нема кој да прави добро. 2Господ гледа од небесата на човечките синови за да види дали има некој разумен: кој да Го бара Бога. 3Сите свртија заедно, сите се расипаа; нема кој да прави добро, нема ниеден.
4Зар нема да се вразумат сите, кои беззаконуваат, кои ги голтаат Моите луѓе како да јадат леб? И не Го повикуваат Господа?
5Таму ќе затреперат од голем страв, зашто Бог е во праведно поколение. 6Ги засрамивте намерите на бедниот; но Господ е негово прибежиште.
7О, нека дојде од Сион, спасението на Израел! Кога Господ ќе ги врати заробениците од Својот народ, тогаш ќе се зарадува Јаков и ќе се развесели Израел.

Селектирано:

ПСАЛМИ 14: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се