Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 13

13
Обесхрабрување и тага на душата
1. Нејзина безнадежна состојба
На пејачкиот началник. Давидов псалм.
1До кога, Господи, ќе ме забораваш сосем? До кога ќе го криеш Своето лице од мене? 2До кога ќе слагам совети во мојата душа, тага во срцето секој ден? До кога ќе се издига мојот непријател над мене?
2. Нејзина молитва за помош
3Погледни, послушај ме, Господи, Боже мој! Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт; 4За да не рече мојот непријател: „Го надвив!“ Да не се радуваат моите противници, кога ќе се поколебам.
3. Нејзина увереност во избавување
5Јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува во Твоето спасение. 6Ќе Му пеам на Господа, Кој ме награди.

Селектирано:

ПСАЛМИ 13: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност