Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПСАЛМИ 12

12
Размислување во време на беди
1. Молитва за помош сред измамници и горди
За началник на пејачи. На свирка со осум жици. Давидов псалм.
1Помогни, Господи, зашто ги снема побожните, нема повеќе верност меѓу луѓето. 2Секој го лаже својот ближен, зборуваат со лажливи усни и со дволично срце. 3Ќе ги истреби Господ сите лажливи усни, и јазикот што зборува горделиви нешта, 4тие, кои велат: „Јазикот е наша сила, нашите усни се наши; кој е господар над нас?“
2. Верба во избавување одозгора
5Господ говори: „Сега ќе станам, заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните; и ќе го поставам во безопасност за која копнее.“
6Господовите слова се чисти зборови, како сребро претопено во земјана печка, пречистено седумпати. 7Господи, Ти ќе ги заштитуваш, ќе чуваш секого од нив, од овој род довека. 8Нечесните одат наоколу, кога расипаните се издигаат меѓу синовите човечки.

Селектирано:

ПСАЛМИ 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се