Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 23

23
Б. Лакоми јадења
1Кога ќе седнеш да јадеш со началник, внимавај добро што е пред тебе; 2стави си нож под грлото ако си ненаситник. 3Не посакувај ги неговите слатки јадења, зашто се измамливи гозби. 4Не труди се да придобиеш богатство, откажи се од таквата мисла; 5насочиш ли ги очите кон него, него веќе го нема, зашто си направило крилја како орел и летнало кон небото. 6Не јади јадења на завидливиот, не копнеј по неговите слатки јадења, 7зашто тој е таков како што мисли во себеси: „Јади и пиј“, ти вели, но неговото срце не е со тебе. 8Залокот што си го изел, ќе го повратиш, напразно ќе ги изгубиш своите љубезни зборови. 9Не зборувај пред безумник, зашто ги презира твоите умни зборови. 10Не преместувај ги старите меѓи и не навлегувај во нивата на сираците, 11зашто е моќен нивниот Заштитник, ќе го брани нивното право против тебе. 12Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови. 13Не лишавај му ја на детето опомената, зашто, ако го удриш со прачка, нема да умре; 14го биеш со прачка, ама му ја избавуваш душата од пеколот.
В. Мудри слова кон син
15Сине мој, кога ти е срцето мудро и јас се радувам од срце; 16и ќе воскликнува сета моја внатрешност, кога твоите усни зборувааат што е право. 17Нека твоето срце не им завиди на грешниците, туку нека секогаш ти биде во страв од Господа; 18зашто ќе имаш иднина, и твојата надеж нема да пропадне. 19Слушај, сине мој, и биди мудар и води го твоето срце по рамен пат. 20Не дружи се со винопијачите, ниту со месојадачите, 21зашто пијаницата и изедникот осиромашуваат, и дремливиот се облекува во партали. 22Слушај го својот татко, својот родител, и не презирај ја мајката кога ќе остари. 23Купувај вистина и не ја продавај, придобивај мудрост, поука и разум. 24Многу ќе се радува таткото на праведникот, и кој раѓа мудар син ќе има милина во него. 25Нека се веселат татко ти и мајка ти, и нека се радува твојата родителка. 26Сине мој, дај ми го своето срце и нека твоите очи внимаваат на моите патишта, 27зашто блудницата е длабока јама, и туѓинката тесен кладенец. 28Таа дебне во заседа како крадец и го зголемува бројот на безбожниците меѓу луѓето. 29Кому ах? Кому: леле? Кому: препирки? Кому: воздишки? Кому: рани за ништо? Кому: заматени очи? 30На оние што седат доцна покрај виното, што дошле да го испитуваат зачинетото вино. 31Не гледај на виното кога се црвенее, кога се прелева светливо во чашата: се пие така глатко, 32а на крај каснува како змија и жилосува како змија лутица. 33Твоите очи ќе гледаат туѓи жени и срцето ќе зборува развратно. 34И ти ќе бидеш како да лежиш среде морето или како да седиш на врвот на јарбол. 35„Ме избија, ама не ме заболе, ме претепаа, ама не почувствував; кога ќе отрезнам, уште ќе барам.“

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност