Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ПОСЛОВИЦИ 24

24
1Не завиди им на нечесните луѓе, ниту посакувај да бидеш со нив, 2зашто нивното срце смислува насилство и усните зборуваат за зло.
Г. Значење на мудрост
3Со мудрост се гради куќа, и со разумност се утврдува, 4и преку знаење се полнат собите со секакви благопријатни и скапоцени богатства. 5Мудриот човек се зацврстува, и човек со знаење расте во сила. 6Зашто со размислување се оди во војна, и победата е од многу советници. 7За безумниот мудроста е превисока, затоа на судот не ја отвора својата уста! 8Кој смислува зло, се вика подмолен сплеткар. 9Мислата на безумникот е грев, и потсмевачот им е омразен на луѓето. 10Ако покажеш малодушност во ден на беда, твојата сила е мала. 11Избави ги оние кои ги влечат во смрт, и спасувај ги оние што одат на губилиште. 12Ако речеш: „Не знаевме за тоа, не разбира ли Оној, кој ги испитува срцата? И не знае ли Оној, Кој ти ја чува душата? И не плаќа ли Тој секому според неговите дела?
Д. Совети за син
13Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло, 14така е знај, и мудроста за твојата душа: ако ја најдеш, ја најде иднината, и твојата надеж нема да пропадне. 15Не поставувај нечеснику, заседа на праведниковото живеалиште; не прави насилство на неговото мирно престојувалиште; 16зашто, ако праведникот падне и седумпати, тој станува, а нечесните пропаѓаат во несреќа. 17Не се радувај кога ќе падне твојот непријател, и не воскликнувај со срцето кога ќе се подлизне, 18за да не види Господ и за да не го земе тоа за зло, па да го сврти Својот гнев од него кон тебе. 19Не се гневи заради злочинците, не им завиди на нечестивите, 20зашто лошиот човек нема иднина, светилката на нечесните гасне. 21Бој се од Господа, сине мој, и од царот: и не се дружи со променливи луѓе, 22зашто одненадеж доаѓа нивната погибел; и кој знае кога бедата ќе дојде од обата?
Ѓ. Изреки на мудри
23И ова е од мудреците: Не чини да се биде пристрасен на суд. 24Кој му вели на нечесниот: „Праведен си!“ Ќе го проколнуваат народите и ќе го мразат племињата; 25а оние што го укоруваат, ќе бидат возљубени и врз нив ќе дојде благословот. 26Кој одговара чесно, љуби во уста. 27Сврши ја својата работа надвор и приготви ја својата нива, потоа изгради ја и својата куќа. 28Не сведочи лажно против својот ближен; зар ќе мамиш со своите усни? 29Не зборувај: „Како што тој ми направи мене, така ќе му направам и јас нему; ќе му платам на тој човек според неговото дело!“ 30Поминував покрај нивата на некој мрзливец, и покрај лозјето на некој безумник; 31и ете, сѐ беше зарастено во коприви, трњето ја покриле површината, и камената ограда беше разурната. 32Го видов тоа и го запазив во срцето, разгледав и зедов поука: 33„Уште малку поспи, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за починка, 34и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и немаштијата како вооруженик!“

Селектирано:

ПОСЛОВИЦИ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност