Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 7

7
Приноси за Шаторот
1Во оној ден кога Мојсеј го сврши поставувањето на Шаторот и кога го помаза и го посвети со сите негови садови, а исто и жртвеникот со сите негови прибори, 2тогаш пристапија Израелевите главатари, старешините на нивните прадедовски домови, односно племенските водачи, кои го спроведуваа пописот, 3и ги доведоа пред Господа своите приноси: шест покриени коли и дванаесет волови - по една кола за двајца главатари и по еден вол за секој поединец. Ги доведоа пред Шаторот. 4Тогаш Господ му проговори на Мојсеја: 5„Прими го тоа од нив за употреба при службата во Шаторот на средбата; потоа подај му го тоа на секој левит според неговата служба.“ 6Мојсеј ги зеде колите и воловите па им ги даде на левитите. 7Две коли и четири вола им даде на Гирсоновците според нивната служба, 8а четири коли и осум вола им даде на Мерариевците, според нивната служба под водство на Итамар, син на свештеникот Арон. 9На Каатовците не им даде ништо, зашто нивната задача беше да ги носат посветените нешта на раменици. 10Тогаш началниците принесоа принос за осветување на жртвеникот во денот на неговото помазание. Додека началниците ги принесуваа своите приноси пред жртвеникот, 11Господ му рече на Мојсеја: „Секој ден по еден началник нека го донесе својот принос за осветување на жртвеникот!“
12Во првиот ден својот принос го донесе Насон, синот Аминадавов, од Јудиното племе. 13Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел: и едното и другото беа наполнети со чисто брашно замешано со масло, за лебен принос. 14Потоа, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 15еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 16еден јарец за жртва за грев, 17а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Насона, Аминадавовиот син.
18Во вториот ден својот принос го донесе Натанаил, Согаровиот син, кнезот на Исахаровците. 19Како свој принос донесе: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот (храмски) шекел, двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 20потоа една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 21еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе за паленица; 22еден јарец за жртва за грев, 23а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Натанаила, Согаровиот син.
24Во третиот ден својот принос го донесе началникот на Завулоновците, Елијав, синот Хелонов. 25Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 26една златна кадилница, полна со темјан; 27еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 28еден јарец за жртва за грев; 29а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елијава, Хелоновиот син.
30Во четвртиот ден својот принос го донесе началникот на Рувимовците, Елисур, синот Седиуров. 31Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 32тогаш, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 33еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 34еден јарец за жртва за грев, 35а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисура, Седиуровиот син.
36Во петтиот ден својот принос го донесе началникот на Симеоновите синови, Саламил, синот Сурисадаев. 37Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 38една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 39еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 40еден јарец за жртва за грев, 41а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Саламила, Сурисадаевиот син.
Елисафов принос од Гадово племе
42Во шестиот ден својот принос го донесе началникот на Гадовите синови, Елисаф, синот Рагуилов. 43Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 44една златна кадилница од десет шекели полна со темјан; 45еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 46еден јарец за жртва за грев, 47а за помирница: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисафа, Рагуиловиот син.
48Во седмиот ден својот принос го донесе началникот на Ефремовците, Елисам, син Емиудов. 49Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 50една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 51еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица, 52еден јарец за жртва за грев; 53а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисама, Емиудовиот син.
54Во осмиот ден својот принос го донесе началникот на Манасиевите синови, Гамалаил, синот Фадасуров. 55Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 56една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 57еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 58еден јарец за жртва за грев, 59а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Гамалаила, Фадасуровиот син.
60Во деветтиот ден својот принос го донесе началникот на Венијаминовите синови, Авидан, синот Гедеониев. 61Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 62една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан, 63еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 64еден јарец за жртва за грев, 65а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Авидана, Гедеониевиот син.
66Во десеттиот ден својот принос го донесе началникот на Дановите синови, Ахиезер, синот Амисадаев. 67Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, како лебен принос; 68една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 69еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 70еден јарец за жртва за грев, 71а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиезера, Амисадаевиот син.
72Во единаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Асировците, Фагаил, синот Ехранов. 73Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 74една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 75еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица; 76еден јарец за жртва за грев, 77а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше принос на Фагаила, Ехрановиот син.
78Во дванаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Нефталимовите синови, Ахиреј, синот Енанов. 79Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос; 80една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан; 81еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица; 82еден јарец за жртва за грев, 83а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син. 84Тоа беа приносите на Израелевите началници за осветување на жртвеникот во денот кога беше помазан: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши и дванаесет златни кадилници. 85Секоја сребрена чинија тежеше сто и триесет шекели; секоја чаша седумдесет шекели. Вкупно сребро во садовите имаше две илјади и четири стотини светилишни шекели. 86Златни кадилници, полни со темјан, беа дванаесет; секоја кадилница тежеше десет храмски шекели. Сето злато во кадилниците тежеше сто и дваесет шекели. 87Сиот добиток за паленици: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, со лебните приноси. За жртвата за грев: дванаесет јарци. 88Сиот добиток за помирителната жртва: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јариња и шеесет јагниња годиначиња. Тоа беа приносите за осветување на жртвеникот по неговото помазание.
89Кога Мојсеј влегуваше во Шаторот на средбата, за да разговара со Бога, слушаше како му зборува глас одозгора од Покривот што беше на Ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима. Тогаш му зборуваше.

Селектирано:

БРОЕВИ 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се