Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 24

24
1Кога Валаам забележа дека Му е мило на Господ да го благословува Израел, не сакаше веќе да оди во потрага по знаци за баење, туку се сврти со лицето кон пустината. 2Валаам ги подигна очите и го виде Израел зашаторен по неговите племиња. Божји Дух слезе на него, 3и тој ја почна својата песна па рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед; 4пророштво на оној, кој ги слуша Божјите слова, кој го виде видението на Сѐмоќниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отвораат: 5Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле! 6Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите! 7Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.
8Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи, тој ги дроби нивните коски.
9Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!“
Четврти благослов
10И Валак пламна со гнев на Валаама и плесна со своите раце. „Те повикав да ги проколнеш моите непријатели - му рече Валак на Валаама - а, ете, ти ги благословуваш веќе по трет пат! 11Оди си веднаш во својот крај. Си реков ќе те почестам достојно! А, ете, Господ те лиши од почитувањето.“ 12Тогаш Валаам му одговори на Валака: „Зар не им реков на твоите посланици, кои ги испрати при мене: 13‘Да ми ја даде Валак својата куќа полна со сребро и злато, не можам да ја престапам Господовата повелба и да направам по своја волја било добро или зло: она што ќе го каже Господ, и јас ќе го речам тоа.’ 14А сега, ете, кога си одам при својот народ, дојди, да ти откријам што ќе му направи овој народ на твојот народ во иднина!“
15И ја почна својата беседа и рече:
„Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед, 16пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сѐвишниот, кој ги виде виденијата на Сѐсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.
17Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел.
Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца! 18Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,
19Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.“
20Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.“
21Тогаш се загледа во Кенејците, па ја почна својата беседа и рече:
„Цврсто е твоето живеалиште, Кенеоне, гнездото ти е свиткано врз карпа! 22Но гнездото му припаѓа на Веор; до кога ќе му робуваш на Асур?“ 23Пак ја почна својата беседа и рече: „Поморски народи се собираат од север!
24А бродовите од страната на Китим, го покоруваат Асур, го покоруваат Евер; па и него ќе го стигне вечна гибел.“ 25Потоа Валаам стана и се запати назад во своето место, а Валак исто тргна по својот пат.

Селектирано:

БРОЕВИ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се