Лого на YouVersion
Икона за пребарување

БРОЕВИ 23

23
1И Валаам му рече на Валака: „Направи ми тука седум жртвеници; приготви ми тука седум јунци и седум овни.“ 2Валак направи како што му рече Валаам. А потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник. 3Потоа Валаам му рече на Валака: „Ти стој кај твојата паленица, а јас одам можеби да се сретнам со Господа, па што ќе ми открие, ќе ти кажам.“ И тој отиде на високо осамено место. 4И Бог го сретна Валаама, кој му рече: „Подигнав седум жртвеници и принесов на секој по еден јунец и по еден овен.“ 5А Господ положи зборови во устата на Валаама и му заповеда: „Врати се кај Валака и зборувај вака.“ 6Валаам се врати кај него, а тој стоеше покрај својата паленица, и со него сите моавски кнезови. 7Тогаш тој ја почна својата песна и рече: „Од Арам ме доведе Валак, царот на Моав, од источните планини, велејќи: ‘Дојди, проколни ми го Јакова, Дојди, изречи зло против Израел!’ 8Како можам да го проколнам кого Бог не го проколнува? Како да изречам зло? Кога Господ не му изречува? 9Зошто јас го гледам од врвот на карпите, Го набљудувам од високиот брег: ете, народ, кој живее одвоено, тој не се вбројува меѓу народите.
10Кој ќе го преброи Јакововиот песок бројот на четвртиот дел на Израел! О да се надевам дека ќе умрам со смртта на преведник! И мојот свршеток да биде како нивниот!“
11„Што ми стори! - му рече Валак на Валаама. Те доведов да ги проколнеш моите непријатели, а кога ете, ти ги опсипа со благослови!“ 12Тој одговори: „Зар не ми е должност да го кажам она што Господ го става во мојата уста?“ 13„Ајде со мене на друго место, откаде можеш да го видиш сиот - го замоли Валак. Оттука му го гледаш само едниот крај, а не го гледаш сиот. Проколни ми го оттаму!“ 14Потоа го поведе во Седе-Зофим, на врвот Фасга. Тука изгради седум жртвеници и на секој жртвеник принесе по еден јунец и по еден овен. 15Тогаш Валаам му рече на Валака: „Стој тука покрај твојата паленица, а јас одам онаму во пресрет на Бога.“ 16Господ го сретна Валаама; му стави зборови во неговата уста и му заповеда: „Врати се кон Валака и зборувај така!“ 17И тој се врати при Валака, кој стоеше покрај својата паленица и моавските кнезови со него. Валак го праша: „Што рече Господ?“ 18Тогаш Валаам ја почна својата песна и рече: „Стани, Валаку, и послушај! Послушај ме со увото, Сефоров сине! 19Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае, зар Тој кога ќе рече, и не ќе направи? Зар ветува, па не исполнува? 20Ете, јас почнав да благословувам, зашто Тој благослови, и јас не можам да го сменам тоа. 21Не видов неправда во Јаков, ниту видов престап во Израел; Господ, неговиот Бог, е со него, и царско воскликнување има меѓу него. 22Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови. 23Нема волшебства против Јакова ниту вражања против Израел. И кога ќе им речат на Јаков и на Израел: ‘Што прави Бог?’ 24Ете, народот ќе стане како лавица, ќе се крене како лав: нема да легне додека не го проголта пленот, додека не ја испие крвта на убиените.“
Трет Валаамов благослов
25Потоа Валак му рече на Валаама: „Не проколнувај го ни со клетва, но не благословувај го ни со благослов.“ 26Валаам му одговори на Валака: „Зар не ти реков: ‘Сѐ што ќе рече Господ, тоа ќе правам.’“ 27Потоа Валак му рече на Валаама: „Дојди! Ќе те одведам на друго место. Можеби на Бога ќе Му биде право да ми го проколнеш оттаму.“ 28И Валак го одведе Валаама на врвот Фегора, откаде се тегне глетка кон Јешимон (Пустина на Јуда). 29„Изгради ми тука седум жртвеници - му рече Валаам на Валака. Натаму, приготви ми тука седум јунци и седум овни.“ 30Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.

Селектирано:

БРОЕВИ 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност