Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 11

11
ОБНОВА НА ЕРУСАЛИМ ИДНИ ПРЕОБРАЗБИ И ПОТФАТИ НА НЕЕМИЈА
11:1-13:31
А. Нови жители на Ерусалим
1Тогаш народните кнезови се населија во Ерусалим. Другиот народ фрлаше жрепка та од секои десет луѓе да излезе еден, кој ќе живее во светиот град Ерусалим, додека другите девет ќе останат во другите градови. 2И народот ги благослови сите луѓе, кои сакаа доброволно да живеат во Ерусалим.
Б. За жителите на Ерусалим
3А еве ги покраинските главатари, кои се населија во Ерусалим и по јудејските градови, секој на својот имот. 4Во Ерусалим се населија Јудините синови и Венијаминовите синови. Од Јудините синови: Атај, синот Озиин, синот Захариев, синот Амариев, син Сефатиев, син Малелеилов, од Фаресовите синови 5Масиј, синот Варухов, син Холозов, син Азаев, син Адаев, син Јојаривов, син Захариев, син Силониев; 6Вкупно Фаресови синови во Ерусалим беа четири стотини шеесет и осум луѓе способни за бој.
7Еве ги Венијаминовите синови: Салуј, синот Месуламов, син Јоадов, син Федаев, син Колаев, син Масиев, син Итилев, син Исаијев, 8и неговите браќа: девет стотини дваесет и осум способни за бој. 9Јоил, синот Захариев, беше нивни заповедник; и Јуда, синот Сенуин, втор управител на градот.
10Од свештениците: Једај, Јојарив, Јахин, 11Серај, синот Хелкиев, син Масуламов, син Садоков, син Марајотов, син Ахитовов, настојник на Божјиот Дом, 12и нивните браќа, кои исполнуваа служба во Домот: осум стотини дваесет и два; и Адај, синот Јероамов, син Фелалиев, син Амсиев, син Захариев, син Пасхоров, син Малахиев, 13и неговите браќа, главатари на семејствата: двеста четириесет и два; и Амасај, синот Азариелов, син Азаев, син Месилемотов, син Имиров, 14и нивните браќа, способни за бој: сто дваесет и осум. Завдил, синот Гедолимов, беше заповедник над нив.
15Од левитите: Семај, синот Асувов, син Азрикамов, син Асавиев, син Вуниев; 16и Саветај и Јозавад, од левитските главатари, за надгледување на надворешните работи на Божјиот Дом; 17и Матаниј, син Михов, син Завдиев, син Асафов, кој управуваше со псалмите, ги почнуваше благодарниците и молитвите; и Вавукиј, втор меѓу своите браќа; и Авда, синот Салиев, син Галалов, син Јадутонов. 18Во Светиот Град вкупно левити беа: двеста осумдесет и четири.
19А вратари: Акув, Талмон и нивните браќа, кои чуваа стража на вратите: сто седумдесет и два. 20А другиот Израел, свештениците и левитите, се населија во сите градови на Јудеја, секој во своето наследство, и по населбите на нивните полиња. 21Нетинците живееја во Офил; Сих и Гиспа беа на чело на нетинците.
22Настојник на левитите во Ерусалим беше Озиј, синот Ваниев, син Асавиев, син Матаниев, син Михеев. Тој беше од Асафовите синови, кои беа пејачи за служба на Божјиот Дом. 23Зашто за нив беше царевата заповед и уредба за секојдневната служба. 24Петај, синот Месизавеилов, од синовите на Залах, синот Јудин, беше место царот за секоја работа со народот.
В. За жители на села вон Ерусалим
25Од Јудините синови се населија во Киријат-Арва и во нејзините селца, во Дивон и во неговите селца, во Јекавсеил и во неговите селца, 26во Јесуја, во Молада, во Вет-Фалет, 27во Асур Суала, во Вир Савеа и во нејзините селца, 28во Сиклаг, во Мекона и во нејзините селца, 29во Ен Римон, во Сареа, во Јармут, 30Заноја, Одолама и во нивните селца, во Лахис и во неговите полиња, во Азика и во нејзините селца: и така се населија од Вир Савеа сѐ до Еномската Долина. 31Венијаминовите синови живееја во Гаваја, Михма, Аја и Ветил и во нивните селца, 32во: Анатот, Нова, Ананија, 33Асора, Рама, Гитајама, 34Адида, Севојима, Невалата, 35Лод, Онон и во Долината на Харашим (дрводелци). 36Заедниците на левитите се населија во Јуда и во Венијамин.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се