Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 10

10
3. Список на оние, кои го потпечатија договорот
1Во запечатената исправа беа: Намесникот Неемија, синот Ахалиин, и Седекиј, 2Серај, Азариј, Еремиј, 3Пасхор, Амариј Малхиј, 4Хатус, Севаниј, Малух, 5Харим, Меримот, Овадиј, 6Даниел, Гинетон, Варух, 7Месулам, Авиј, Мијамин; 8Мазиј, Вилгај, Семај, тоа се свештеници. 9Левитите: Исус, синот Азаниин, Винуј од Инададовите синови - Кадмиел, 10и нивните браќа: Севаниј, Одиј, Келита, Фелај, Анан, 11Миха, Реоб, Асавиј, 12Захур, Серевиј, Севаниј, 13Одиј, Ваниј, Венинуј. 14Народни главатари: Фарос, Фат, Моав, Елам, Затуј, Ваниј, 15Вуниј, Азгад, Вивај, 16Адониј, Вигвај, Адин, 17Атир, Езекиј, Азур, 18Одиј, Асум, Висај, 19Ариф, Анатот, Невај, 20Магфиј, Месулам, 23Осиј, Ананиј, Асув, 24Лоис, Филеј, Совик. 25Реум, Асавна, Масиј, 26Ахиј, Ханан, Анан, 27Малух, Харим, Вана.
4. Краток преглед на Завет
а. Мешани бракови
28Но и другиот народ, свештениците, левитите - вратари, пејачите, нетинците - и сите, кои според Божјиот Закон се оддвоиле од земните народи, а и нивните жени, синови и ќерки сите, кои беа способни да разберат, 29им се приклучија на своите браќа и на главатарите та се обврзаа со проклетство и со заклетва дека ќе одат според Божјиот Закон, кој е даден преку рацете на Мојсеј, Божјиот слуга, и дека ќе ги пазат и ќе ги извршуваат сите заповеди на Господа, на нашиот Бог, Неговите наредби и закони. 30И особено: дека нема да им ги даваме нашите ќерки на земните народи, и дека не ќе ги земаме нивните ќерки за своите синови.
б. Пазење сабота
31И ако народите на земјата донесат стока или какво и да е жито во саботен ден, ние не ќе купуваме ништо од нив во сабота, ни во друг посветен ден. Секоја седма година ќе ја оставаме земјата да си почине, и ќе ги проштаваме долговите од секаков вид.
в. Ветување за десеток и за приноси во полза на Храмот
32Зедовме како обврска: дека секоја година ќе даваме третина од шекел за богослужба во Домот на својот Бог: 33за лебни приноси, за постојаните приносници и за секојдневните паленици за жртвите: саботни, на младата месечина, на празниците, за светите нешта и за жртви за грев за да се очисти Израел; и за секоја служба во Домот на нашиот Бог. 34Ние свештениците, левитите и народот фрливме жрепка за придонесот од дрва, што треба во одреден ден, секоја година според своите семејства, да го донесуваме во Домот на нашиот Бог за огнот на жртвеникот на Господа, нашиот Бог, како што е запишано во Законот; 35дека во секоја година ќе донесуваме во Господовиот Дом првини од плодовите на земјата и од првите плодови на секое дрво, 36и првородените синови и првенците од својот добиток, како што е напишано тоа во Законот, првородените од крупниот добиток и од ситниот нека се однесуваат во Домот на нашиот Бог, зашто им се одредени на свештениците, кои служат во Домот на нашиот Бог. 37Освен тоа првините од житото од плодовите на секое дрво, од младото вино и од маслото, ќе им ги носиме на свештениците во собите на Домот на нашиот Бог; а десетокот од својата земја на левитите, зашто левитите го земаат десетокот во сите места каде што работиме. 38Свештеникот, синот Аронов, нека ги придружува левитите при собирање на десетокот. Левитите нека донесуваат десеток од десетокот во Домот на нашиот Бог, во собите на ризницата, 39зашто Израелците и левитите се должни да донесуваат таму придонес од жито, од вино и од масло. Таму се наоѓаат посатките на светилиштето, свештениците во служба, вратарите и пејачите. Нема веќе да го оставаме Домот на својот Бог.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се