Лого на YouVersion
Икона за пребарување

НЕЕМИЈА 12

12
Г. Родословие на свештеници и левити
1Ова се свештениците и левитите, кои дошле со Зоровавел, синот Салатилов, и со Исуса: Серај, Еремиј, Езра, 2Амариј, Малух, Хатус, 3Сеханиј, Реум, Меримот, 4Идо, Гинетон, Авиј, 5Мијамин Мадиј, Вилга, 6Семај, Јојарив, Једај, 7Салуј, Амок, Хелкиј и Једај. Тоа беа свештенички главатари и нивните браќа во Исусовото време.
8А левити: Исус, Винуј, Кадмил, Серевиј, Јуда, Матаниј - овој последниот и неговите браќа управуваа со песните. 9Ваквукиј и Униј и нивните браќа се сменуваа со нив во службата. 10На Исуса му се роди Јоаким; на Јоакима му се роди Елијасив, а на Елијасива - Јојад; 11на Јојада му се роди Јонатан а на Јонатана му се роди Јаду.
12Во Јоакимовото време главатари на свештеничките семејства беа: на Сераиното семејство Мерај; на Еремиевото Ананиј; 13на Езриното Месулам; на Амариевото Јонатан; 14на Мелихуевото Јонатан; на Севаниевото Јосиф; 15на Харимовото Адна; на Марајотовото Елкај; 16на Идовото Захариј, на Минијаминовото и Моадиевото семејство Филтај; 18на Вилжиевото Самуј, на Семаијевото Јонатан; 19на Јојаривовото Матенај; на Једаиното Озиј; 20на Салаевото Калај, на Амоковото Евер, 21на Хилкиевото Асавиј, на Једаијевото Натанаил.
22Во времето на Елијасив, Јојад, Јоанан и Јадве беше извршен попис на главатарите на левитските семејства и свештениците сѐ до царувањето на Дариј Персиецот. 23Левиевите синови: главатари на семејствата беа забележани во Книжниот свиток на летописот до времето на Јоанан, синот Елијасивов. 24Левитски главатари беа: Асавиј, Серевиј, Исус, Бинуј, Кадмиел, а нивните браќа, кои стоеја спроти нив за да пејат наизменично пофалби и благодарници според уредбите на Давид, Божјиот човек, 25беа: Матаниј, Ваквукиј и Овадиј. А Месулам, Талмон и Акув, вратари, чуваа стража кај складот близу до вратата. 26Тие живееја во времето на Јоаким, синот на Исуса, син Јоседеков, и во времето на управителот Неемиј и на книжевникот свештеник Езра.
Д. Осветување на ѕидови на Ерусалим
27Кога беше осветувањето на ерусалимскиот ѕид, ги побараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим та да го прослават осветувањето со радост, со благодарници и со песни покрај кимвали, псалтири и гуслиња. 28И се собраа пејачи Левиеви синови, од крајот околу Ерусалим, од нетофатските села, 29од Вет Гилгал, од Гева и од полето Азмавет: зашто пејачите си изградија села околу Ерусалим. 30Свештениците и левитите се очистија себе си, а потоа ги исчистија народот, вратите и ѕидот.
31Тогаш ги искачив јудејските кнезови на ѕидот и составив два големи пејачки собири. Првиот одеше десно по ѕидот, кон Гнојната Врата; 32по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови - 33Азариј, Езра и Месулам, 34Јуда, Венијамин, Семај и Еремиј, 35а од свештеничките синови со рогови: Захариј, синот Јонатанов, син Семаев, син Матаниев, син Микаев, син Захуров, син Асафов, 36со нивните браќа Семај, Ауреил, Милалај, Гилалај, Мај, Натанаил, Јуда, Ананиј, со свирките на Давида, Божјиот човек. А Езра, книжевникот, одеше пред нив. 37Кај Изворската Врата се искачија спроти нив покрај скалилата на Давидовиот Град по ѕидната нагорница од Давидовиот Дворец сѐ до Водната Врата на исток.
38Вториот пејачки собир, а по него и половина од народните кнезови, одеше налево по ѕидот и Пекќата Стражарница сѐ до Широкиот Ѕид, 39па тогаш над: Ефремовата Врата, Старата Врата, Рибината Врата, Ананеиловата Стражарница, стражарницата Меја, сѐ до Овчата Врата. Застанаа при Затворската Врата. 40Потоа двата пејачки собири зазедоа место во Божјиот Храм. Исто и јас и со мене половината главатари, 41свештениците Елијаким, Масиј, Минијамин, Михај, Елиоинај, Захариј, Ананиј со труби, 42потоа Масиј, Семај, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхиј, Елам и Есер. Пејачите пееја под раководство на Езрај. 43Во тој ден беа принесени големи жртви, луѓето ѝ дадоа изблик на радоста, зашто Бог ги беше исполнил со голема радост; се веселеа и жените и децата. И радоста на Ерусалим се слушаше надалеку.
Ѓ. Назначување на собирачи, пејачи и вратари
44Во тоа време беа поставени луѓе да ги надгледуваат клетовите во кои се оставаа приносите, првините, десетоците, и да ги собираат, од полињата покрај градовите, деловите кои Законот им ги доделува на свештениците и левитите. Зашто Јудејците им се радуваа на свештениците и левитите, кои беа во служба. 45Тие вршеа служба на својот Бог и служба за очистување - како и пејачите и вратарите - според одредбата на Давида и на неговиот син Соломон. 46Зашто од Давидовите и од Асафовите денови, од дамнина постојат пејачки главатари и песни за фала и слава на Бога. 47Затоа сиот Израел во времето на Зоровавел и во Неемиевото време даваше, ден по ден, делови одредени за пејачите и вратарите, а левитите им даваа на Ароновите потомци.

Селектирано:

НЕЕМИЈА 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се