ИСУС НАВИН 20
20
6. Шест градови - засолништа
1Господ му рече на Исуса: 2“Кажи им на Израелевите синови и речи им: ‘Одредете си за себе градови - засолништа за кои што ви зборував преку Мојсеја, 3за да би таму можел да избега убиец кој ќе убие некого од несакање, и за да ви бидат засолништа од крвниот одмазник. 4Ако убиец избега во некој од тие градови, нека застане пред градската врата и нека им ја изнесе на старешините на тој град својата работа. Тие нека го примат во својот град и нека му одредат место каде ќе престојува меѓу нив. 5Ако крвниот осветник го гони, не смеат да го предадат убиецот во неговите раце: та на несакање го убил својот ближен, а не од омраза. 6Убиецот нека остане во тој град сѐ додека не стапи пред судот на заедницата или до смртта на големиот свештеник, кој ќе биде во она време. Тогаш убиецот нека се врати и нека отиде во својот град и во својот дом - во градот од кој пребегна.’“
7И ги посветија Кадес во Галилеја, во Нефталимовата Гора; Сихем во Ефремовата Гора; Киријат-Арва, односно Хеврон во Јудината Гора, 8оттаде Јордан, источно од Ерихон, ги одредија Восор во пустината, во рамницата на Рувимовото племе, и Рамот во Галад од Гадовото племе, и Голан во Васон од Манасиевото племе. 9Тоа беа градовите определени за сите Израелци и придојденици, кои престојуваат меѓу нив: ваму можеше да избега секој, кој ќе убиеше неволно друг, та да не загине самиот од осветничка рака додека не излезе на суд, пред заедницата.
Селектирано:
ИСУС НАВИН 20: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.