Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 21

21
7. Дел на левитите
а. Начин за распределба
1Тогаш главатарите на левитските татковски домови појдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, Навиновиот син, и кај племенските главатари на Израел. 2И им рекоа во Сило, во Ханаанската земја: „Господ заповеда преку Мојсеја да ни се дадат градови каде ќе живееме и пасишта околу нив за нашиот добиток.“ 3Израелците им ги дадоа на левитите од своето наследство, според Господовата заповед овие градови со нивните пасишта. 4И така излезе жрепка за Каатовото семејство: на левитите, на потомците на свештеникот Арон, им припаднаа триесет градови од племињата: Јудиното, Симеоновото и Венијаминовото; 5На другите Каатови синови им припаднаа со жрепка според семејствата десет градови од племињата: Ефремовото и Дановото и од половината племе Манасиево. 6Гирсоновите синови добија според семејствата тринаесет градови од племињата: Исахаровото, Асировото и Нефталимовото и од половината племе Манасиево во Васан. 7На Мерариевите синови според нивните семејства им припаднаа дванаесет градови од племињата: Рувимовото, Гадовото и Завулоновото.
б. Распределба на градови
8Така, Израелците со жрепка им ги доделија на левитите тие градови со пасиштата, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја. 9Од племето на Јудините синови и од племето на Симеоновите синови беа доделени овие градови што се спомнуваат по име: 10на Ароновите синови во Каатовите левитски семејства, зашто првата жрепка беше за нив, 11им припаднаа Киријат-Арва, главниот град на Анаковците, односно Хеврон, во Јудината Гора, со пасиштата наоколу. 12Ама полињата околу тој град со селата наоколу веќе му беа дадени во наследство на Халев, Јефониевиот син. 13На синовите на свештеникот Арон им припаднаа градот - засолниште Хеврон со пасиштата и Ливна со пасиштата; 14Јатир со пасиштата, Естемоја со пасиштата, 15Олон со пасиштата, Давир со пасиштата, 16Аин со пасиштата, Јута со пасиштата, Вет-Семес со пасиштата. И така, девет градови од оние две племиња. 17Од Венијаминовото племе: Гаваон со пасиштата, Гаваја со пасиштата, 18Анатот со пасиштата, Алмон со пасиштата. И така, четири града. 19Така свештениците, Ароновите синови, добија вкупно тринаесет градови со нивните пасишта.
20На другите левити со семејствата на Каатовите синови со жрепка им припаднаа градовите на Ефремовото племе. 21Им ги дадоа: градот - засолниште Сихем со неговите пасишта на Ефремовата Гора, потоа Гезер со пасиштата, 22Кивсаим со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата: четири града. 23Од Дановото племе ги добија: Елтекон со пасиштата и Гиветон со пасиштата, 24Ајалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: четири града. 25Од половината Манасиево племе: Танах со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата: два града. 26Вкупно семејствава на другите Каатови синови добија десет градови со пасиштата.
27На Гирсоновите синови, на левитските семејства им ги дадоа од половината Манасиево племе градот - засолниште Голан во Васан и Вестера со нивните пасишта: два града. 28Од Исахаровото племе: Кисон со пасиштата, Даврот со пасиштата, 29Јармут со пасиштата и Ен-Ганим со пасиштата: четири града. 30Од Асировото племе: Мисал со пасиштата, Авдон со пасиштата, 31Хелкат со пасиштата и Реов со пасиштата: четири града. 32Од Нефталимовото племе: град - засолниште Кедес во Галилеја со пасиштата, Амот-Дор со пасиштата и Картан со пасиштата: три града. 33Вкупно Гирсонови градови според нивните семејства беа тринаесет со пасиштата. 34На семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа им ги дадоа од Завулоновото племе: Јокнеам со пасиштата, Карта со пасиштата, 35Димна со пасиштата, Налол со пасиштата: четири града. 36Од онаа страна на Јордан, од Рувимовото племе, им ги дадоа: градот - засолниште Восор со пасиштата на пустинската висорамнина, Јаза со пасиштата, 37Кедимот со пасиштата, Мефат со пасиштата; четири града. 38Од Гадовото племе: градот - засолниште Рамот во Галада со пасиштата, Маханаим со пасиштата, 39Есевон со пасиштата, Јазир со пасиштата: четири града. 40Вкупно им беа доделени со жрепка на семејствата на Мерариевите синови, на левитите што останаа, дванаесет градови.
41Така среде наследството на Израелевите синови беа четириесет и осум левитски градови со пасиштата. 42Секој тој град имаше и пасишта наоколу. Така беше со сите спомнати градови.
8. Исполнување на Божјото ветување
43Така Господ им ја даде на Израелците сета земја за која се заколна дека ќе им ја даде на нивните татковци. Ја примија во сопственост и се населија во неа. 44И Господ им даде да се одморат во мир на сите меѓи, како што им се беше заколнал на нивните татковци. Никој од нивните непријатели не беше способен да им даде отпор. 45Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сѐ се исполни.

Селектирано:

ИСУС НАВИН 21: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се