Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС НАВИН 19

19
в. Дел на племето на Симеоновите синови
1Втората жрепка излезе за Симеона, за племето на Симеоновите синови според нивните семејства: нивното наследство беше среде Јудините синови. 2Им беа доделени како наследство: Вир-Савеа, Савеа, Молада; 3Асар-Суал, Вала, Асем; 4Елтолад, Ветул, Орма: 5Сиклаг, Вет-Маркавот, Асар-Суса; 6Вет-Леваот и Саруен: тринаесет градови и нивните села. 7Аин, Ремон, Етер и Ашан: четири градови и нивните села. 8И сите населби што се околу тие градови, до Валат-Вира, Раман Негев. Тоа е наследството на племето на Симеоновите синови според нивните семејства. 9Наследството на Симеоновите синови беше од делот на Јудините синови, зашто делот доделен на Јудините синови беше преголем за нив. Затоа Симеоновите синови го добија своето наследство среде нивното наследство.
г. Дел на племето на Завулоновите синови
10Третата жрепка излезе за синовите на Завулоновото племе според нивните семејства: нивното подрачје стигаше до Сарида, 11откаде нивната меѓа се искачуваше на запад до Марала, стигнуваше до Давасет и допираше до потокот што е спроти Јокнеам. 12Од Сарида меѓата свртуваше кон исток, сѐ до меѓата на Кислот-Тавор, откаде излегуваше до Даврат и се искачуваше до Јафа. 13А оттаму одеше пак кон исток, до Гита Ефер и до Ита-Касин, излегуваше на Ремон и се враќаше до Неа. 14Оттаму свртуваше од север околу Анатон и завршуваше во долината Јефта-Ил. 15Па Катат, Налал, Симрон, Идал и Витлеем: дванаесет градови со своите села. 16Тоа беше наследството на Завулоновите синови според нивните семејства: тие градови со нивните села.
д. Дел на племето на Исахаровите синови
17Четвртата жрепка излезе за Исахар, за Исахаровите синови според нивните семејства. 18А пределот им беше: Езраел, Кесулот, Суним; 19Афераим, Сеон, Анахарат; 20Равит, Кисион, Авес; 21Ремет, Ен-Ганим, Ен-Ада и Вет-Фасис. 22Потоа меѓата допираше до Тавор, Сахасим и Вет-Семес и излегуваше на Јордан: шеснаесет градови со нивните села. 23Тоа е наследството на племето на Исахаровите синови според нивните семејства: тие градови со своите села.
ѓ. Дел на племето на Асировите синови
24Петтата жрепка излезе за племето на Асировите синови според нивните семејства. 25Нивната земја беше: Хелкат, Али, Ветен, Ахсаф; 26Аламелех, Амад, Мисал. На запад меѓата допираше до Кармел и до Сихот-Ливнат. 27Потоа завртуваше кон сончевиот исток до Вет-Дагон, и допираше до Завулон и до долината Ефтаил од север; натаму се тегнеше низ Ветемек и Наил и стигнуваше до Хавул одлево, 28па Хеврон, Реов, Амон и Кана сѐ до Големиот Сидон. 29Тогаш меѓата свртуваше кон Рама и до тврдиот град Тир, па завртуваше кон Оса и излегуваше на море. Ги опфаќаше Махалев, Ахсив. 30Ама, Афек и Реов: дваесет и два града со нивните села. 31Тоа е наследство на племето на Асировите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
е. Дел на племето на Нефталимовите синови
32Шестата жрепка излезе за Нефталимовите синови според нивните семејства. 33Нивната меѓа оди од Елав и од Алон во Сананим, од Адами-Некева и од Јавнил до Лакум и излегува на Јордан. 34Потоа меѓата свртува на запад кон Азнот-Тавор и се тегне оттаму кон Укок; на југ допира до Завулон, на запад до Асир и до Јуда на исток до Јордан. 35Утврдени градови беа: Сидим, Сер, Амат, Ракат, Хинерот; 36Адама, Рама, Асор, 37Кадес, Едреј, Ен-Асор; 38Ирон, Мигдал-Ил, Орем, Вет-Анат, Вет-Семес: деветнаесет градови со своите села. 39Тоа е наследството на племето на Нефталимовите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
ж. Дел на племето на Дановите синови
40Седмата жрепка излезе за племето на Дановите синови според нивните семејства. 41Подрачјето на нивното наследство беше: Сар, Естаол, Ир-Семес, 42Салавин, Ајалон, Етла, 43Елон, Тамната, Акарон, 44Елтекон, Гиветон, Валат, 45Јуд, Вани-Варак, Гат-Римон, 46Ме-Јаркон и Ракон со подрачјето кон Јопа. 47Ама подрачјето на Дановите синови беше претесно за нив; затоа Дановите синови удрија на Лесем, го освоија и погубија сѐ со острилото на мечот, и Лесем го нарекоа Дан, по името на Дан, својот татко. 48Тоа е наследството на племето на Дановите синови според нивните семејства: тие градови и нивните села.
з. Делот на Исуса Навин. Окончување на делбата на земјата
49Кога ја завршија делбата на земјата со жрепка и ги утврдија нејзините меѓи, Израелците му дадоа на Нсуса, синот Навинов, наследство во својата средина. 50По Господовата заповед му го дадоа градот што го сакаше за себе: Тамнат-Сарах во Ефремовата Гора; тој го утврди градот и се настани во него. 51Тоа се наследствата што свештеникот Елеазар и Исус, синот Навинов, и главатарите на израелските племиња ги поделија со жрепка меѓу израелските племиња во Сило, пред Господа, при вратата на Шаторот на средбата. Така ја завршија делбата на земјата.

Селектирано:

ИСУС НАВИН 19: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се