Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 25

25
3. Трета Валдадова беседа: никој не е прав пред Бога
1Тогаш Валдад од Шуах проговори и рече: 2„Господството и стравот се во Неговата рака и Тој создава мир во Своите висини. 3Зар можат да бидат изброени Неговите чети и врз кого не изгрева Неговата светлина? 4Па како може човек да биде праведен пред Бога, и родениот од жена, како може да биде чист? 5Ете, и месечината ја губи својата светлина пред Него, за Неговите очи ѕвездите не се чисти. 6Што да се рече тогаш за човекот, за тој црвец, за човечкиот син - бедно црвче?“

Селектирано:

ЈОВ 25: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се