Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЈОВ 24

24
б. Казнувањето на нечесниот не е секогаш јавно
1„Зошто времињата не се скриени од Семоќниот, а верниците не ги видуваат Неговите денови? 2Безбожниците ги преместуваат меѓите, ограбуваат стадо и го пасат. 3Им го одведуваат ослето на сирачето, го земаат во залог волот на вдовицата. 4Ги тераат бедните од патот; се кријат бедните на земјата. 5Како диви ослици во пустината рано одат да заграбат плен: пустината им ги храни децата. 6Тие собираат во туѓа нива, го берат лозјето на опакиот. 7Голите немаат облека ноќе, ни покривка против студот. 8Тие киснат од планинските поројни дождови; без засолниште, се долепуваат до карпата. 9Го оттгргнуваат сиракот од градата, земаат во залог дете од бедниот. 10Одат голи, немаат облека; изгладнети, носат туѓи снопови. 11Кои цедат масло меѓу ѕидовите; жедни, газат во каците. 12Луѓето на умирање офкаат низ градовите, и душите на ранетите викаат за помош, но Бог се оглушува на сѐ тоа. 13Има такви, кои ја мразат светлината: не ги признаваат нејзините патишта, ниту се придржуваат до нејзините патеки. 14Убиецот се крева во мракот, ги коле бедниот и сиромашниот. 15Окото на прељубникот копнее за примрак: „Никој нема да ме види,“ вели тој и го прекрива своето лице со превез. 16Во темнината ги пробива куќите, оние куќи, кои ги забележал дење. Тие не сакаат да знаат за светлина. 17Зората им е како смртна сенка: штом зазори силен страв ги фаќа. 18Тој е побрз од водите, избегнувајќи го патот преку лозјата, неговите имоти се проколнати во земјата. 19Како што горештината и жегата го впиваат снегот, така и Подземјето ги проголтува грешниците. 20Крилото што го роди го заборави, неговото име не се спомнува веќе; неправдата е скршена како стебло. 21Тој измачуваше жена неротка, не ѝ стори добро на вдовицата. 22Но оној што силно ги фаќа насилниците, станува, а за нив гасне сета надеж. 23Му даде сигурност, и тој се надева; со окото ги надгледуваше неговите патеки. 24Се воздигнаа за малку, а тогаш исчезнаа, се рушат и изгниваат како сите други, пресечени како главите на класовите. 25Не е ли така? Кој ќе ме изобличи во лага? Кој може да ги поништи моите зборови.

Селектирано:

ЈОВ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се