ЈОВ 26
26
4. Трет Јовов одговор на Валдад: тој го знае Божјото величие
1Јов проговори и рече: 2„Колку добро знаеш да му помогнеш на немоќниот и да ја потпреш изнемоштената мишка! 3Колку добар совет му даваш на неукиот; навистина покажа преголема мудрост. 4Кому му ги упати овие зборови и кој дух зборуваше од тебе?“ 5Мртвите пред Бога, треперат долу под земјата, морските води се тресат и нивните чудовишта. 6Пред Неговото око Шеолот зее откриен, и бездната на смртта нема превез на себе. 7Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо. 8Тој ја затворува водата во Своите облаци, но облаците не се скинуваат под неа. 9Тој го покрива полното лице на месечината, простирајќи го Својот облак врз него.
10Тој ѝ постави меѓи на водата, каде прекратува светлината и темнините почнуваат. 11На небесниот свод се потресуваат столбовите и премираат од страв, кога Тој се заканува. 12Тој го скроти морето со Својата сила и го сотре со мудрост чудовиштето Рахав. 13Со својот Дух ги украси небесата, а Неговата рака ја прободе брзата змија. 14Сѐ тоа е само дел од Неговите дела, од кои ние за Него слушаме слабо. Но кој може да го сфати громот на Неговата сила?“
Селектирано:
ЈОВ 26: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.