Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 36

36
ЕЗЕКИЕВА КНИГА
36:1-39:8
А. Сенахиров предизвик на Божји народ
1. Голем пехарник (Рапсак) бара од Јудеја да се покори
1Во четиринаесеттата година на Езекиевото царување асирскиот цар Сенахир ги нападна сите утврдени јудејски градови и ги освои. 2И асирскиот цар му го испрати од Лахис во Ерусалим при царот Езекија, големиот виноцрпец со силна војска. Тој застана кај водоводот на Горниот Рибник, на патот на Валавичарското Поле. 3Кон него излегоа управителот на дворецот Елијаким, син Хелкиин, писарот Шевна и советникот Јоах, син Асафов.
4Големиот пехарник им рече: „Кажете му на Езекија: ‘Вака зборува големиот цар, асирскиот цар: „Каква е таа надеж во која се надеваш? 5Мислиш ли дека празните зборови веќе се совет и силаза војна? Во кого се надеваш што се побуни против мене? 6Ете, се потпираш на Египет, на скршената трска што продрува и ја продупчува дланката на оној кој ќе се потпре на неа. 7Можеби ќе ми одговорите: ‘Се надеваме во Господа, својот Бог.’ Но нели Езекија и Нему Му ги отстрани високите места, жртвениците и им заповеда на Јудејците и на Ерусалим: ‘Поклонувајте се само пред овој жртвеник!’“‘ 8И така, обложи се со мојот господар, асирскиот цар: ќе ти дадам две илјади коњи ако можеш да најдеш јавачи за нив. 9Како ќе му дадеш отпор тогаш на еден единствен од најмалите слуги на мојот господар? Но ти се надеваш во Египет дека ќе ти даде коли и коњаници! 10Најпосле, зар јас тргнав, без оглед на Божјата волја, тргнав против оваа земја за да ја разурнам? Самиот Господ ми рече: ‘Оди против таа земја и разурни ја!’“
2. Непосредно обраќање на големиот пехарник кон народот јудејски
11Елијаким, Сомна и Јоах му рекоа на големиот виноцрпец: „Те молиме, зборувај им арамејски на своите слуги, зашто ние разбираме; не зборувај со нас на јудејски да не чуе народот што е на ѕидовите.“ 12Но големиот виноцрпец им одговори: „Зар мојот господар ме испрати да ви го речам ова на твојот господар и тебе, а не токму на оние луѓе кои седат на ѕидовите, осудени со вас да ја јадат својата нечистота и да ја пијат својата моч?“ 13Тогаш големиот виноцрпец се исправи и со сиот глас ги извика овие зборови: „Чујте го словото на големиот цар, асирскиот цар! 14Вака вели царот: ‘Езекија нека не ве залажува, зашто не може да ве избави од мојата рака. 15Езекија нека не ве охрабрува со надеж во Господа, велејќи: „Господ ќе нѐ избави без друго: овој град нема да падне во рацете на асирскиот цар.“‘ Склучете мир со мене, предајте ми се, па секој нека ги јаде плодовите од своето лозје и од својата смоква, и нека пие вода од својот кладенец, 17додека не дојдам и не ве одведам во земја што е како вашата, во земја со жито и вино, во земја со леб и лозја. 18Не оставајте да ве измами Езекија велејќи ви: „Господ ќе ве избави.“ Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од рацете на асирскиот цар? 19Каде се ематските и арфадските богови за да ја избават Самарија од моите раце? 20Кој меѓу сите богови на тие земји ја избавија својата земја од мојата рака, па Господ да го избави Ерусалим од мојата рака?’“ 21Молчеа, и ни збор не му одговорија, зашто царот беше наредил: „Не одговарајте!“ 22Управителот на дворецот Елијаким, син Хелкиин писарот Сомна и советникот Јоах, син Асафов, дојдоа при Езекија, откако ги раздраа облеките, и му ги соопштија зборовите на големиот пехарник.

Селектирано:

ИСАИЈА 36: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се