Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 35

35
Б. Израелево враќање на Сион
1Нека се зарадува пустината, исушената земја, нека воскликнува степата, нека расцвета лилјанот. 2Нека цвета бујно со цвет, да, нека воскликнува од веселба и нека се радува. Ѝ е дадена славата на Ливан, и убавината на Кармил и Сарон; тие ќе ја видат Господовата Слава, величието на нашиот Бог. 3Закрепете ги изнемоштените раце, зацврстете ги ослабените колена! 4Речете им на исплашените срца: „Бидете силни, не бојте се! Еве Го вашиот Бог, одмаздата доаѓа, Божјата плата, Тој Самиот брза да нѐ спаси!“ 5Очите на слепците ќе прогледаат, ушите на глувите ќе се отворат, 6тогаш хромиот ќе скока како елен, јазикот на немиот ќе воскликнува. Зашто во пустината ќе бликнат води, а во степата потоци, 7изгорената земја ќе стане езеро, а жедната почва - извори. Во дувлата во кои лежеа чакалите, ќе никне рогузина и трска. 8Таму ќе има друм и пат, а ќе се нарече свет пат; нечистиот не ќе помине по него, но ќе биде за оној, кој оди по тој пат, дури и глупавите не ќе скитаат по него. 9Таму не ќе има лав, ниту ѕвер ќе поминува таму, туку ќе одат само искупените, 10ќе се враќаат искупениците Господови. Ќе дојдат во Сион воскликнувајќи од радост, со вечна веселба на челата; радоста и веселбата ќе ги придружуваат, ќе ги победат тагата и воздишките.

Селектирано:

ИСАИЈА 35: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се