Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 34

34
СУД НАД НАРОДИ И ИЗБА- ВУВАЊЕ НА ИЗРАЕЛ
34:1-35:10
А. Истребување на народи кои се против Бога
1. Суд над народи
1Пристапете племиња, за да чуете, внимателно слушајте, народи; чуј, земјо, и сѐ што ја исполнува, земен кругу и сѐ што расте во тебе! 2Зашто Господ се разгневи на сите народи, се разјари на сета нивна војска. Ги отстапи на уништувањето, ги предаде на колеж. 3Нивните убиени лежат, смрдеж се крева од многуте трупови, крвта потече низ горите, 4се распадна сета небесна војска. Небесата се свитка како книга, и сета нивна војска паѓа, како што отпаѓа лозовиот лист, како што се тресе смоквиното лисје.
2. Суд над Едом
5„Зашто испијанетиот меч на небото е Мој, ете, тој се нафрла врз Едом, за да го казни народот што го проколнав. 6Господовиот меч е испијанет од крв, омрсен со мрсно, со крв од јагниња и јариња, со лој од овнешки бубрези. Зашто на Господа Му се принесува жртва во Восор, големо клање во Едомската Земја. 7Со нив ќе бидат заклани биволите и јунчињата со биволите. Земјата ќе се напои со нивната крв, и нивниот прав ќе се омрси од мрсно.“ 8Зашто за Господа ова е ден на одмазда, година на наплаќање за да го одмазди Сион. 9Неговите потоци се претворуваат во смола, неговиот прав во сулфур, и неговата земја ќе стане пламната смола. 10Ни дење ни ноќе не ќе угасне, димот ќе ѝ се дига довека, ќе остане пуста од колено до колено, во веки векови, никој не ќе поминува низ неа. 11Ежот и чапјата ќе ја заземат, бувот и гавранот ќе престојуваат во неа. Ќе оптегне над неа јаже на запустеност и висулец на испразнување. 12Не ќе ги има веќе нејзините благородници, таму веќе не ќе бидат прогласувани цареви, сите кнезови ќе ѝ бидат уништени. 13Ќе никне трње во нејзините дворци, коприва и капина во тврдините, таа ќе биде дувло на чакали, легло на ноеви. 14Таму ќе се среќаваат дивите мачки со хиените, јарците ќе се повикуваат еден друг; таму ќе се одморува Лилит - ноќно привидение - наоѓајќи почивалиште. 15Таму ќе се гнезди змија, ќе снесува јајца, ќе лежи на нив, ќе ги извади во твојата сенка; таму ќе слетуваат јастребите еден по друг.
16Истражувајте во Господовата книга и читајте, ниедно од тоа не изостана, зашто Неговата уста нареди така, и Неговиот Дух нив ги собра. 17Зашто Тој им фрли жрепка и Неговата рака со јаже им ја измери земјата: тие ќе ја владеат довека, ќе ја населуваат неа од колено до колено.

Селектирано:

ИСАИЈА 34: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се