Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 23

23
Ј. Пророштво за Тир
1. Претскажување на паѓање на Тир
1Пророштво за Тир: Ридајте, тарсиски бродови, зашто е разурната вашата тврдина! Соопштено им е додека се враќаа од Китимската Земја. 2Молкнете, жители на приморјето, сидонски трговци, чии гласници бродеа по морето по голема вода. 3Сеидба на Нил, жетва на Реката, беа негово богатство. Тој им беше пазар на народите. 4Срами се, Сидоне, зашто морето зборува: „Не ме фаќаат породилни болки, ниту раѓам, ниту хранам момчиња, ниту одгледувам девојки.“ 5Египетците ќе се растреперат кога ќе ги чујат вестите за Тир. 6Отпловете во Тарсис, ридајте, жители на приморјето. 7Дали е тоа вашиот весел град, што постои од дамни времиња и што нозете го носеа далеку за да се насели таму? 8Кој го одлучи тоа против свечениот Тир, чии трговци беа кнезови, а прекупувачите првенци на земјата? 9Господ над Воинствата одлучи така, за да ја засрами горделивата слава, за да ги понижи сите прочуени на земјата. 10Обработувај ја земјата, тарсиска ќерко, го нема веќе твоето пристаниште! 11Господ ја крена Својата рака на морето и ги растресе царствата. Господ заповеда да се разурнат ханаанските тврдини. 12Рече: „Не ќе воскликнуваш веќе, засрамена девице, сидонска ќерко!“ Стани и замини во Китим; ни таму не ќе имаш мир.
13Еве ја Халдејската Земја. Тој народ не пстоеше; Асирецот им ја утврди земјата. Се издигаат опсадни стражарници, разурнуваат тврдини, сѐ е урнатина. 14“Ридајте, тарсиски бродови, разурната е вашата тврдина!“
2. Обнова на Тир по свршување на седумдесет години
15Ќе се случи, во оној ден, Тир да биде заборавен седумдесет години, како деновите на еден цар. А по седумдесет години на Тир ќе му биде како на блудницата од песната: 16„Земи ја харфата и скитај низ градот, заборавена блуднице! Свири убаво, пеј многу, за да те спомнат!“
17По седумдесет години Господ ќе го посети Тир. И градот ќе ја добива пак својата блудничка плата. Ќе блудствува со сите царства на лицето на земјата. 18Но неговата печалба и плата ќе Му бидат посветени на Господа; не ќе бидат вложени во сокровиште ниту ќе бидат чувани, туку неговата добивка ќе биде за оние кои престојуваат пред Господа, за да имаат храна до наситување и пристојна облека.

Селектирано:

ИСАИЈА 23: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се