Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 11

11
4. Царство на Месија
а. Прачка од Јесеев корен
1Ќе изникне фиданка од Јесеевите пенушки; стебло ќе никне од нејзиниот корен. 2Господовиот Дух ќе почива на него, дух на мудроста и на разум, дух на совет и на сила, дух на знаење и на страв, Господен. 3Господовиот страв ќе го вдахне, не ќе суди според виденото, ни ќе пресудува според чуеното, 4туку ќе им суди по правда на бедните, и прав суд ќе им изречува на бедните на земјата. Со бичот на Своето слово ќе го шибне силникот, а со здивот од устата ќе го убие безбожникот. 5Тој со правда ќе ги препаше бедрата, а со верност страните. 6Волкот ќе живее со јагнето, рисот ќе лежи со јарето, телето и лавчето ќе пасат заедно, а мало детенце ќе ги води. 7Кравата и мечката ќе пасат заедно, а нивните млади ќе лежат заедно, лавот ќе јаде слама како говедо. 8Доилче ќе си игра над дупката на змијата, цицалчето ќе ја вовлекува раката во змииното легло. 9Не ќе се прави повеќе зло, не ќе се опустува на сета Моја света гора: земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода.
б. Месија и воспоставување на Израел
10Во оној ден: Јесеевиот корен, ќе биде издигнат како знаме на народите, луѓето ќе го бараат Него. И Неговото престојување ќе биде славно.“ 11Во оној ден: Господ ќе ја испружи раката повторно за да го откупи Остатокот на Својот народ, оние што ќе останат од Асирија и од Египет, од Патрос, од Етиопија и од Елам, од Сенар, од Емат и од морските острови. 12Ќе им издигне знаме на народите, ќе им ги собере на Израел заробениците и ќе им ги собере на Јуда распрснатите, од сите четири краишта на земјата. 13Ќе ја снема Ефремовата љубомора, ќе бидат истребени Јудините непријатели; Ефрем нема веќе да му завидува на Јуда, а Јуда не ќе му биде непријател на Ефрема. 14Ќе им седнат на вратот на Филистејците на запад, заедно ќе ги пленуваат синовите на исток; својата рака ќе ја испружат на Едом и Моав, Амоновите синови ќе им бидат покорни. 15Господ ќе го исуши заливот на Египетското Море, ќе замавне со раката против Еуфрат; со силата на ветерот ќе го разбие на седум потоци, за да може да се преминува во обувки: 16и ќе му биде пат на Остатокот на Неговиот народ, кој ќе остане жив од Асирија, како што им беше на Израелците кога излегоа од Египетската Земја.

Селектирано:

ИСАИЈА 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се