Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 12

12
3. Благодарност за Божјо спасение
1Ќе речеш во оној ден: „Ќе Те славам Господи, Ти се разгневи на мене, ама Твојот гнев се одврати и Ти ме утеши. 2Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.“ 3И со радост ќе црпите вода од изворот на спасението. 4Ќе речете, во оној ден: „Фалете Го Господа, повикувајте Го Неговото име! Објавете им ги на народите Неговите дела, разгласувајте ја возвишеноста на Неговото име! 5Пејте Му на Господа, зашто создаде убавини, нека се знае тоа по целата земја! 6Воскликнувајте и радувајте се, жители на Сион, зашто голем е меѓу тебе Израелевиот Светец!

Селектирано:

ИСАИЈА 12: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се