Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСАИЈА 10

10
4. Угнетувачи осудени на пленство
1„Тешко им на оние што издаваат неправедни закони, кои пишуваат жестоки решенија; 2кои им ја скратуваат правдата на бедните и ѝ го одземаат правото на сиромаштијата на Мојот народ, за да ги ограбат вдовиците, за да ги опљачкаат сиромашните! 3Што ќе правите во денот на казната кога пропаста ќе дојде оддалеку? Кому ќе му прибегнете за помош, каде ќе го оставите своето богатство, 4за да не се наведнете меѓу робовите, за да не паднете меѓу убиените?“ Покрај сѐ тоа, Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.
Г. Пораз на царство на овој свет и Царството на Месија што доаѓа
1. Суд над Асирија со оружје на Божји суд
а. Асирецот, жезол на Божји гнев, ќе биде истребен
5„Горко ти Асирецу, бичу на Мојот гнев, прачко со која замавнува Мојот гнев! 6Го испратив против неверен народ, на народ што ме разјари, за да го ограби и опљачка, за да го изгази како кал на улица. 7Но тој не мислеше така, и не судеше така во срцето, туку во срцето создаде завера за истребување на многу народи. 8Зборуваше: ‘Не се ли сите кнезови мои цареви? 9Не е ли Халан како Хархемес? Не е ли Емад како Арпад? Самарија како Дамаск? 10Како што Мојата рака го достигна царството на лажните богови, побогати со кипови од Ерусалим и Самарија, 11како што направив со Самарија и со нејзините лажни богови, нема ли да направам и со Ерусалим и со неговите ликови?’“ 12И кога Господ ќе го доврши сето Свое дело на гората Сион и во Ерусалим, ќе го казни плодот на горделивото срце на асирскиот цар и дрскоста на неговите горделиви очи. 13Зашто рече: „Направив со својата рака и со својата мудрост, зашто сум умен; ги отстранив границите меѓу народите и ги ограбив нивните богатства, како јунак ги симнав оние што седат на престолите. 14Мојата рака ги зграби како гнезда богатствата на народите. Како што се собираат оставените јајца, ја собрав целата земја, и немаше никој да затрепери со крилјата да отвори клун, да цивка.“
15Зар се фали секирата покрај оној што сече со неа? Ќе се гордее ли пилата покрај оној што со неа реже? Како жезолот да мавта со оној кој го крева, или прачката ја крева оној што не е дрво. 16Господ над Воинствата ќе им испрати крај на неговите згојувања, ќе му ја потпали славата со оган, како распламсан пожар. 17Израелевата светлина ќе биде како оган, Неговиот Светец како пламен што ќе го запали и ќе ги изгори неговите глогинки и неговото трње во еден ден. 18И красотата на неговите гори и овоштарници ќе ја уништи од срцевината до кората, таа ќе биде како болен што згаснува; 19ќе биде лесно да биде избројан, остатокот на горските стебла дете ќе ги запише лесно.
б. Израелев Остаток ќе се обрати
20Во оној ден: Израелевиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги бие, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец. 21Остатокот ќе се врати, Јакововиот остаток при силниот Бог. 22Навистина Израеле, твојот народ и да биде колку песок во морето, само неговиот Остаток ќе се врати, одредено е уништување, правдата се прелеа, 23Господ, Господ над Воинствата, ќе ја уништи сета земја, како што ќе одреди.
24Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет. 25Зашто уште малку, многу малку, и ќе прекрати Мојот гнев, Мојата јарост ќе ги уништи.“ 26Господ над Војските ќе замавне со бич над нив како кога го удри Мадијам при стената Орив и ќе крене стап над морето како на Египетскиот Пат. 27Во оној ден: ќе ти падне бремето од плеќи, и ќе го снема неговиот јарем од твојот врат.
28Тој иде од Римон, доаѓа на Ајат, преминува преку Мигрон, го симнува бремето во Михмас. 29Поминуваат низ клисури, ноќевалиштето им е во Гавај; Рама трепери, Сауловата Гаваја бега. 30Викај гласно, ќерко Бат Галимова! Направи го да се чуе Лаис, беден Анатоте! 31Мадмина побегна, гевимските жители избегаа. 32Уште денес ќе застанам во Нов, сионските ќерки ѝ се закануваат со рака на гората, на Ерусалимскиот Рид.
33Ете, Господ, Господ над Војските, ги искаструва со страшна сила гранките, пресечени се највисоките врвови, најиздигнатите се снижени. 34Од секирата паѓаат густите горски месности, Ливан паѓа со својата слава.

Селектирано:

ИСАИЈА 10: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се