Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 8

8
Ж. Плодови на Израелев грев
1. Божји приговор
1Трубата на уста, како стражарот на Господовиот Дом; зашто тие го престапија Мојот Завет, го престапија Мојот Закон. 2Ми викаат Мене: „Те познаваме, Боже Израелев.“ 3Ама Израел го отфрли доброто, непријателот ќе го гони. 4Поставуваа цареви без Мене, бираа кнезови без Мое знаење. Од своето сребро и злато си направија лажни богови, за да бидат уништени. 5Го отфрлив твоето теле, Самаријо, Мојот гнев се распламте против нив. До кога ќе останат нечисти Израелевите синови? 6Некој уметник го направи, и тоа не е Бог. Самариското теле ќе се претвори во делови. 7Посеаја ветер, и ќе пожнеат бура; житото не ќе им из’ртее, не ќе даде брашно; и ако даде, ќе го изедат туѓинци. 8Израел е проголтан, еве го меѓу народите како нескапоцена посатка; 9зашто отидоа кај Асирецот, кај дивото осле што живее само! Ефрем ги дарува љубовниците. 10Само нека ги дарува, сега ќе ги распрснам меѓу народите: и наскоро ќе се растреперат под товарот на царот на кнезовите. 11Ефрем ги умножи жртвениците, тие му послужија за грев. 12Да му напишам и илјади Свои закони тие ќе ги сметаат за туѓи. 13Нека ги жртвуваат закланиците што Ми ги принесуваат, нека јадат месо! На Господа не Му се угодни. Отсега ќе ги спомнува нивните беззаконија и ќе ги казнува нивните гревови: тие ќе се вратат во Египет. 14Израел го заборави својот Творец и си изгради дворци; Јуда ги умножи цврстите градови. Ќе пуштам оган врз нивните градови; огнот ќе му ги голтне дворците.

Селектирано:

ОСИЈА 8: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се