Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 7

7
Д. Расипаност на народни водачи
1Кога сакам да го лечам Израел, се открива Ефремовото беззаконие и злобата на Самарија; тие се занимаваат со измама: крадецот провалува во куќата, а надвор напаѓаат разбојници. 2И тие не велат во своето срце дека Јас го помнам сето нивно беззаконие! Но сега нивните дела ги опколија, тие стојат пред Моето лице. 3Го веселат царот со својата злоба, а кнезовите со својата подмолност. 4Сите тие се прељубници, како вжарена печка што пекарот веќе не ја вжарува кога ќе го замеси тестото па додека не скисне. 5Во денот на нашиот цар кнезовите се разболеа од жестокоста на виното, а тој им ја испружува раката на пијаните. 6Во завера срцето им се вжарува како печка; нивната јарост дрема цела ноќ, наутро се разгорува како огнен пламен; 7сите се распалиле како печка та ги проголтуваат своите судови. Сите нивни цареви паднаа, а ниеден од нив не Ме повика.
Ѓ. Надеж на странска помош
8Ефрем се меша со народите, Ефрем е погача што не ја превртија. 9Туѓинците ја јадат неговата сила, а тој тоа и не го знае! Седите коси му ја обелија главата, а тој тоа и не го знае! 10Израелевата гордост е понижена во нивните очи и тие не се враќаат кај Господа, својот Бог, и покрај сѐ тие не Го бараат! 11Ефрем е како наивен гулаб и без срце: тие го повикуваат Египет, одат во Асирија. 12Каде и да одат, ќе ја распнам Мојата мрежа врз нив, ќе ги оборам како небесните птици, ќе ги казнам како што слушале во нивното собрание.
Е. Корење на Израел
13Тешко им ним зашто избегаа од Мене! Гибел за нив зашто се побунија против Мене! Сакам да ги откупам, а тие лажат против Мене. 14Тие не Ме повикуваат од срце кога лелекаат на своите легла; го раскинуваат своето лице заради житото и виното, ама се бунат против Мене. 15Додека Јас им ја крепев мишката, тие смислуваа зла против Мене! 16Се завртуваат кон ништожествата, тие се како измамливиот лак. Заради дрскиот јазик кнезовите ќе им паднат од меч, тоа ќе им биде потсмев во Египетската Земја!

Селектирано:

ОСИЈА 7: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се