Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 6

6
1„Ајде да му се вратиме на Господа! Тој раскина, Тој ќе не исцели: Тој нѐ рани, Тој ќе ни ги завитка раните; 2по два дни ќе нѐ оживее, на третиот ден ќе нѐ подигне, и ние ќе живееме пред Него. 3Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.“
Г. Израелево нечестие
4Што можам да сторам за тебе, Ефреме? Што можам да сторам за тебе, Јудо? Вашата побожност е како утрински облак, како рана роса што ја снемува. 5Затоа ги сечев преку пророците и ги убивав со зборовите на Својата уста; но Твојот суд ќе излезе како светлина. 6Зашто милоста ја сакам, а не жртви, и познавањето на Бога, повеќе од палениците. 7Но тие како Адама го прекршија заветот и таму Ме изневерија Мене. 8Галад е злосторнички град, полн со крвави траги. 9Свештеничката дружба е како разбојничка заседа: убиваат по Сихемскиот Пат; навистина, прават срам! 10Ужас видов во Израелевиот дом; таму Ефрем му се предава на блудството и се обесветува Израел. 11И тебе, Јудо, ти одредив жетва, кога ќе ја свртам судбината на Својот народ.

Селектирано:

ОСИЈА 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се