Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 9

9
2. Пропаст на Израелево богатство
1Не радувај се, Израелу, не воскликнувај како другите народи; му се предаде на блудството, зашто, откако го остави Својот Бог, ја засака блудничката плата по сите гумна. 2Ни гумното ни кацата не ќе ги хранат, и младото вино ќе ги измами. 3Не ќе живеат веќе во Господовата Земја, Ефрем ќе се врати во Египет и ќе јадат нечисти јадења во Асир. 4Не ќе Му налеваат веќе вино на Господа, ниту ќе Му ги принесуваат своите жртви; лебот ќе им биде како леб на жалост, и ќе биде нечист кој ќе го јаде; зашто нивниот леб е само за нив, нема да влезе во Господовиот Дом. 5Што ќе правите во празничен ден, во денот на Господовиот собир? 6Зашто, еве како отидоа пред запустувањето; Египет ќе ги прифати, Мемфис ќе ги погребе, копривата ќе ги наследи нивните сребрени блага, нивните шатори ќе зарастат во трње. 7Дојдоа деновите на казната! Дојдоа деновите на одмаздата! Израел нека знае! Пророкот е луд, вдахновениот блада! Заради твоето големо беззаконие и заради големата омраза. 8Ефрем е стражар покрај Мојот Бог; пророкот - стапица за птици на сите негови патишта, соблазна - во куќата на неговиот Бог. 9Паднаа во длабока расипаност како во деновите на Гаваја; Господ ќе си спомне за нивните беззаконија и ќе ги казни нивните гревови.
3. Намалување на Израелево население
10Го најдов Израел како грозје во пустината, ги видов вашите татковци како ран плод на смоквата; тие дојдоа во Вел Фегор, му се посветија на срамот и станаа грозотии како нивните љубимци. 11Ефремовата слава одлета како птица: од раѓањето, од утробата, од зачнувањето. 12Но иако ги одгледаат своите синови, ќе ги одземам пред добата на мажеството, да, тешко им ним кога ќе ги оставам! 13Ефрем е како да го гледам Тир посаден во нива, но Ефрем ќе ги води своите деца на колење. 14Дај им, о Господи! А што да им дадеш? Дај им утроба што не раѓа, исушени гради. 15Во Галгал е сета нивна злоба, таму ги замразив. Заради нивните лоши дела, ќе ги истерам сите од Својата куќа, не ќе ги љубам веќе, сите кнезови им се одметници. 16Ефрем е поразен, им се исуши коренот; не ќе има род. И ако им се родат деца, ќе им го умртвам милиот плод на утробата. 17Мојот Бог ќе ги отфрли зашто не Го послушаа; и ќе скитаат меѓу народите.

Селектирано:

ОСИЈА 9: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се