Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 5

5
Б. Божја строгост кон Израел
1Чујте го ова, свештеници, внимавај Израелев дому, царев дому, де послушај, зашто судот е ваш! Вие бевте примка во Миспа и оптегната мрежа во Тавор. 2Длабока јама ископаа престапниците, но ќе ги казнам сите. 3Јас го познавам Ефрема не ми е скриен Израел: да, Ефрем, му се предаде на блудството, се оскверни Израелу. 4Не им даваат нивните дела да Му се вратат на Својот Бог, зашто духот на блудството е меѓу нив; тие не го познаваат Господа. 5Гордоста на Израел сведочи против него; и Израел и Ефрем ќе паднат од своето беззаконие, и Јуда ќе падне со нив. 6Ќе оди со овците и со говедата да Го бара Господа и нема да го најде - се оддалечи од нив! 7Го изневерија Господа: родија копилиња, вжарен ветер ќе ги проголта нивните полиња. 8Засвирете во рог во Гаваја, во труба во Рама, узбунете го Вет Авен: после тебе, Венијамине! 9Ќе го запустее Ефрема до денот на казната; меѓу Израелевите племиња Јас известив за тоа. 10Јудејските кнезови станаа како оние што ги преместуваат меѓите; врз нив ќе го излеам како вода Својот гнев. 11Ефрем е угнетувач, тој ја гази правдата, зашто му се допадна да оди по ништожество. 12А јас ќе му бидам на Ефрема како молец, како гнилеж на Јудината куќа. 13Тогаш Ефрем ја виде својата болест, а Јуда својата рана; и Ефрем тргна во Асирија, Јуда му се обрати на царот Јареб; но тој нема да ве исцели, ниту ќе ви ја залечи вашата рана. 14Зашто како лав ќе му бидам на Ефрема, како лавче на Јудиниот дом; Јас, Јас ќе раскинам и ќе си отидам, ќе однесам и никој не ќе спаси.
В. Повик кон длабоко покајание
15Ќе тргнам и ќе се вратам на Моето место, додека не ја признаат вината и додека не го побараат Моето лице; во својата тага тие ќе ме бараат од рано утро:

Селектирано:

ОСИЈА 5: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се