Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ОСИЈА 4

4
ИЗРАЕЛЕВА НЕВЕРНОСТ И БОЖЈА ЉУБОВ
4:1-13:15
А. Израелева прељуба
1Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата, 2туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата. 3Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето. 4Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику. 5Дење ти ќе се слизнуваш, а ноќе со тебе ќе се слизнува и пророкот; ќе ја погубам твојата мајка. 6Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови. 7Колку повеќе ги имаше, толку повеќе грешеа против мене, својата слава ја заменија со срам. 8Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, душата им лакоми за неговите беззаконија. 9И со свештеникот ќе биде како и со народот; ќе го казнам за неговите патишта и ќе му наплатам за неговите дела. 10Ќе јаде, но нема да се насити, ќе блудствува, но не ќе се размножува, зашто тие прекратија да Му служат на Бога - 11блудството, пијалаците и виното им го пленија срцето. 12Мојот народ бара совет од дрво, неговата палка му дава одговори: зашто духот на развратот ги заведува нив, та бегајќи од Својот Бог му се предаваат на блудството. 13Тие жртвуваат на горските врвови и кадат на ридовите под даб, јаблан и под топола; зашто е толку пријатно под нивната сенка. И затоа, му се предаваат вашите ќерки на блудството, прават прељуба вашите невести, 14не ќе ги казнам ќерките зашто блудничат, ниту вашите невести зашто прават прељуба; зашто тие сами одат насамо со блудниците и жртвуваат со храмските љубовници. Така, без разум народот оди во пропаст! 15Ако ти, Израелу, му се предаваш на блудството, барем Јуда нека не греши! И не одете во Галгал, не искачувајте се во Вет Авен, не колнете се „живиот ми Господ.“ 16Зашто како тврдоглава јуница, Израел стана тврдоглав, па како Господ да го спаси сега како јагне во широка ливада? 17Ефрем се здружи со идолите: Остави го! 18Одвратно е нивното пијанство, му се предаваат целосно на блудството, нивните кнезови го сакааат срамот. 19Виорот ќе ги стегне со своите крилја и ќе се засрамат од нивните жртви.

Селектирано:

ОСИЈА 4: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се