Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЕЗРА 6

6
г. Истрага и Дариев одговор
1Тогаш, по заповед на царот Дариј, почнаа да бараат во Вавилон, во книжницата каде што беа чувани преписките, 2и најдоа во Екбатана, тврдина во Мидиската Покраина, книжен свиток со оваа повелба: „За спомен. 3Во првата година на Кировото царување, царот Кир даде повелба за Божјиот Дом во Ерусалим. ‘Домот нека биде изграден како место каде ќе бидат принесувани жртви и каде ќе бидат донесувани приноси за палење. Нека биде висок шеесет лакти и широк шеесет лакти. 4Три реда нека бидат од големи камења, а еден од дрво. Трошоците ќе бидат подмирени од царскиот дворец. 5Освен тоа, златните и сребрените посатки од Божјиот Дом, што Навуходоносор ги беше зел од Светилиштето во Ерусалим и ги пренесол во Вавилон, да се вратат и нека бидат на своето место во ерусалимското Светилиште и нека бидат поставени во Божјиот Дом.’
6И така, сега Татнају, управителу оттаде Реката, Сетар-Воснају и вашите другари посланици од онаа страна на Реката, оддалечете се оттаму! 7Оставете: јудејскиот управителот и јудејските старешини нека го градат Божјиот Дом. Божјиот Дом треба да биде изграден на неговото првично место. 8Еве ги моите повелби за вашето држење кон јудејските старешини за да се изгради повторно Божјиот Дом: од царското благо - то ест од данокот оттаде Реката - нека им се плака внимателно на оние луѓе, без прекратување, 9и што ќе им треба за жртвите паленици на Бога на небото: јунци, овни и јагниња, и пченица, сол, вино и масло, нека им се дава редовно секој ден, според упатствата на свештениците во Ерусалим. 10Нека принесуваат жртви за пријатен мирис на Бога на небото, нека се молат за животот на царот и неговите синови. 11Освен тоа повелам: секој што ќе ја прекрши оваа наредба, нека му извадат греда од куќата, па нека биде погубен на неа, а куќата да му стане затоа буниште. 12И Бог, Кој таму го настани Своето Име, нека ги обори секој цар и народ, кој би се осмелил да ја прекрши мојата заповед и го разурне Божјиот Дом во Ерусалим! Јас, Дариј, ја дадов оваа наредба. Нека се извршува точно!“
д. Окончување на градба на Храм
13Тогаш Татнај, сатрапот оттаде Реката, Сетар-Воснај и нивните другари, направија онака како што нареди царот Дариј. 14А еврејските старешини продолжија да градат успешно по вдахновение на пророците Агеј и Захариј, синот Адонов. Го завршија градењето по наредбата на Израелевиот Бог и по наредбата на Кир и Дариј и Артаксеркс, персискиот цар. 15Храмот беше завршен во дваесет и третиот ден на месецот Адар. Тоа беше во шестата година на владеењето на царот Дариј.
ѓ. Осветување на Храм. Празник на Пасха и Пресни Лебови
16Израелците - свештениците, левитите и Остатокот од повратниците од заточение - го осветија радосно Божјиот Дом. 17За осветувањето на Божјиот Дом жртвуваа сто јунци, двеста овни, четири стотини јагниња и, како жртва за гревовите на целиот Израел, дванаесет јарци - според бројот на Израелевите племиња. 18Потоа ги поставија свештениците според нивните редови и левитите според нивните разреди за служба во Божјиот Дом во Ерусалим, како што е пропишано во Мојсеевата Книга.
19Повратниците од заточение ја прославија Пасхата во четиринаесеттиот ден на првиот месец. 20Сите левити, како еден човек, се очистија: сите беа чисти; ја жртвуваа Пасхата за сите повратници од ропството, за своите браќа свештеници и за себеси. 21Пасхата ја јадеа Израелците, кои се вратија од ропството, и сите оние кои - откако прекратија со нечистотата на народот на земјата - им се придружија да Го бараат Господа Израелевиот Бог. 22И го празнуваа радосно празникот Пресни Лебови седум дена: зашто Господ ги исполни со радост и Го сврте кон нив срцето на асирискиот цар, за да ги зајакне нивните раце во работата околу Домот на Бога, на Израелевиот Бог.

Селектирано:

ЕЗРА 6: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност